Теодора-Ана Дукина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Теодора-Ана Дукина (грчки: Θεοδώρα Άννα Δούκαινα, 1058-1083) била византиска принцеза, ќерка на царот Константин X Дука и Евдокија Макремболитиса.

Во 1075 година во Константинопол, при исклучително спектакуларна церемонија, Теодора била омажена за венецијанскиот дожд Доменико Селво. За време на церемонијата братот на невестата, Михаил VII Дука, ја ставил врз главата на својата сестра империјалната тиара. Во Венеција Теодора пристигнала со богат мираз и подароци. Таму сепак принцезата станала исклучително непопуларна поради аристократските барања, типични за раскошниот византиски императорски двор.

Теодора починала во 1083 година од малигнитет, што според Венецијанците било небесна казна за нејзинот начин на живот. Така, на пример, Петар Дамјан, кардиналот на Остија, споменува во една белешка " За сопругата на венецијанскиот дожд, чие тело, поради прекумерна нејзина софистицираност, целосно е изгниено.

Сепак не е редно да се претпоставува дека извештајот на Петар Дамјан се однесува за Теодора-Ана, бидејќи кардиналот на Остија не можел да напише ништо за неа - тој умрел во 1072 - три години пред свадбата на дождот. Поправилно би било белешката на Петар Дамјан да се однесува за Марија Аргира и Џовани Урсел: таа - византиска принцеза, внука на император Василиј II, а тој - син на венецијанскиот дож Петар II.