Константин Дука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Константин Дука
Совладетел на Византија
Владеење 1060–1078
Роден(а) 1060
Починал(а) 1082
Претходник Михаил VII Дука
Наследник Никифор III Вотанијат
Династија Династија Дука
Татко Константин X Дука
Мајка Евдокија Макремболитиса

Константин Дука или Констанциј (грчки: Κωνστάντιος Δούκας, латински: Konstantios Дукас; околу 1060 - † 18 октомври, 1081 во Драч) бил совладетел на Византија во периодот од 1060 до 1078 година и претендент на престолот во текот на 1078/1079 година, од династија Дука.

Константин Дука потекнува од византиската аристократска фамилија Дука. Негов татко бил Константин Дука (1006-1067), кој како Константин X Дука бил император од 1059 до 1067 година. Мајка му била Евдокија Макремболитиса (1021-1096), регентка на империјата 1067 и 1071 година, која по смртта на неговиот татко се омажила за Роман Диоген, кој е од 1068 до 1071 година како Роман IV Диоген бил византиски император.

Константин Дука бил најмалиот син на Константин X, но единствениот кој бил роден по неговото зазимање на престолот и затоа го има почесното име "Порфирогенит". Константин вил прогласен за совладетел уште при раѓањето[1], заедно со неговиот поголем брат Михаил[2].

Кога неговиот татко починал во 1067 година, Константин имал седум години додека неговиот брат Михаил, како прв наследник на тронот, бил сеуште малолетен. Поради тоа, неговата мајка Евдокија го презела регентството. Мајка му се омажила во 1068 година за генералот Роман Диоген, кој бил крунисан како Роман IV Диоген.

Константин Дука бил убиен како командант на војската на 18 октомври 1081 година во битката кај Драч[1] во војна против Норманите.

Не е познато дали Константин Дука се оженил и дали имал деца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Canduci, pg. 274
  2. Norwich, John, Byzantium: The Apogee, pg. 361

Литература[уреди | уреди извор]

  • Canduci, Alexander (2010), Triumph & Tragedy: The Rise and Fall of Rome's Immortal Emperors, Pier 9, ISBN 978-1-74196-598-8 
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6 
  • Polemis, Demetrios I. (1968), The Doukai: A Contribution to Byzantine Prosopography, London: Athlone Press 
  • George Finlay, History of the Byzantine and Greek Empires from 1057–1453, Volume 2, William Blackwood & Sons, 1854
  • Skoulatos, Basile (1980), Les personnages byzantins de I'Alexiade: Analyse prosopographique et synthese (на French), Louvain: Nauwelaerts [[Category:]]