Деспина (митологија)
Деспина (грчки: Δέσποινα) — нимфа во старогрчката митологија, ќерка на Посејдон и Деметра. Ова е име што значи „владејачка божица“ или „господарка“, исто така е епитет на Афродита, Деметра и Персефона.[1] Име кое од најстарите времиња е присутно и како македонско народно женско име. Позната е песната од охридскиот крај „Песна за Деспина“.[2]
Етимологија
[уреди | уреди извор]Деспина на старогрчки јазик „Δέσποινα“ значи „господарка на куќата“. Во моментов, овој термин се користи за Богородица. Во Византија, терминот деспот се користел за бог, цар, архиепископ и митрополит. Дури и во модерна Грција, на митрополитите им се обраќаат со овој термин.
Митологија
[уреди | уреди извор]Таа била ќерка на Посејдон и Деметра, а во аркадскиот мистериозен култ била почитувана како божество на домашните животни и плодноста и како заштита од нивниот грабливец, лисицата. Бидејќи била почитувана многу повеќе од Артемида, нејзиното свето животно било елен како еквивалент на Артемида. Нејзиното вистинско име било откривано само за време на иницијацијата.[3] Имено, кога ожалостената Деметра ја барала својата ќерка Персефона, која ја грабнал Ад, Посејдон ја посакал нејзината љубов. Со цел да го избегне, таа се претворила во кобила и се скрила меѓу коњите на кралот Онко. Посејдон се претворил во пастув и ја оплодил. Така се родиле коњот Арион и Деспина, чие име не било дозволено да се изговара.[4] Деспина била изедначена со Персефона, Артемида и Хеката.
Култ
[уреди | уреди извор]Паузанија известил дека во Аркадија (во Ликосура) имало светилиште посветено на Деспина, каде што, меѓу другото, бил сместен нејзиниот олтар, како и статуи на неа и нејзината мајка како седат на престол, со столчиња под нозете, извајани од едно парче камен. Големините одговарале на приказот на Мајката во Атина. Деспина држи стап во крилјата и кутија во десната рака. Зад храмот на Деспина од десната страна, имало сала каде што Аркадијците ги славеле мистериите, каде што великодушно ѝ принесувале жртви на Деспина, која ја почитувале повеќе од другите богови. Секој човек жртвувал што поседувал, но жртвите не ги колеле, туку ги сечеле и давале парчиња. Биле нудени и сите плодови, освен калинки. Зад оваа сала се наоѓала шумичка посветена на оваа божица, опкружена со камени sидови и во која се саделе дрва.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Деспина — месечина на Нептун наречена по оваа нимфа
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Greek Myth Index: Despoena“. Архивирано од изворникот на 19 април 2010. Посетено на 24 август 2010.
- ↑ „Песна за Деспина“. pesna.org. 27 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 2020-10-19. Посетено на 6 март 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Greek mythology - Despoine
- ↑ Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.