Десна (притока на Днепар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Десна
Десна
Десна
Сливниот басен на Днепар и Десна.
Местоположба
ДржаваРусија
Физички особености
Устие 
 • место
Близу Киев
Должина1.130 км
Особености на сливот
ГрадовиБрјанск

Десна (руски: Десна; украински: Десна) — руско-украинска река, лева притока на Днепар (дел од Црноморскиот Басен).

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името на реката потекнува од старословенскиот збор дєснъ што значи десно, односно река која во Днепар се влева од десна страна, гледајќи спроти текот на Днепар.[1]

Карактеристике[уреди | уреди извор]

Десна кај Јелња

Десна извира во мочурливото подрачје Голубји Мох, недалеку од градот Јелња на смоленското ридско подрачје. Протекува преку територијата на Смоленската и Брјанската Област во Русија и Чернигивската, Сумската и Киевската Област во Украина.

Реката е долга 1.130 км, а површината на сливот изнесува 88.900 [[км2]]. Во горниот дел на текот, бреговите се доста ниски и мочурливи, а до значајно издигање на десниот брег доаѓа низводно од Брјанск. Во Украина, ширината на реката варира од 60 до 250 м, со просечна длабочина од 3 метри. Средниот годишен проток на вода на устието е околу 360 [[м3/с]]. Реката замрзнува од почетокот на декември до почетокот на април. Пловна е во должина од 535 км, низводно од градот Новгород Сиверски, иако пристап на помали пловила е можно и над Брјанск.

Откако реката Сејм ќе се влее во Десна, близу руско-украинската граница, таа се шири и се дели на повеќе мали ракавци. Бреговите повторно стануваат ниски (особено кај градот Чернигов) и мочурливи. Се влева во Днепар недалеку од Киев.

Од најстари времиња Десна служела како важна трговска сообраќајница која го поврзувала Киев и околината со басенот на Дон и Ока.

Во горниот дел на текот на реката, кај градот Десногорск, коритото на реката е преградено и направено е големо вештачко Десногорско Езеро со површина од 44 км2. Езерото е изградено за потребите за ладење на јадрениот реактор на Смоленската атомска електрана.

Притоки[уреди | уреди извор]

Во Десна се влеваат 18 десни и 13 леви притоки.

  • Десни притоки: Убед, Мена, Снов, Белоус, Замглај, Судост, Болдачевка, Габја, Сешча, Стрижењ.;
  • Леви притоки: Остјор, Сејм, Доч, Ветма, Велика Присмара, Болва, Снежет, Навља, Неруса, Ивотка, Шостка, Знобовка, Свига, Вересоч, Смољанка.

Најважни населби[уреди | уреди извор]

На Десна се наоѓаат бројни населени места, а некои од најважните се:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фасмер М. Этимологический словарь русского языка. Т. I. pp. 506.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]