Ден на сите светци
Ден на сите светци | |
---|---|
Слика од Фра Анџелико | |
Наречен и | All Hallows |
Го празнува(ат) |
|
Литургиска боја | White |
Вид | christian |
Датум | 1 ноември (западно христијанство) неделата по Духовден (православие) |
Обичаи | богослужби |
Поврзано |
|
Ден на сите светци (латински: Sollemnitas Omnium Sanctorum) — католички празник согласно календарот на Римокатоличката црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и они кои сѐуште не се. Денот на сите светци се празнува на 1 ноември. Во православните цркви овој празник се обележува на Духовден и го означува завршувањето на велигденскиот дел од литургиската година.
Потекло
[уреди | уреди извор]Овој празник води потекло од IV век. Првите траги на општо прославување на сите светци се забележани најпрвин во Антиохија и тоа на Духовден. Овој обичај е забележан и во 74 хомилија на свети Јован Златоуст (407 год.) и така и до ден денес се задржал во источните православни цркви.
Папата Григориј III (731 - 741) го поместил овој празник на 1 ноември со цел да може да се совпадне со древниот келтски празник Савин (ирски: Samhain) кој го означувал почетокот на Новата година. На тој начин одговорил на барањата на ирските монаси.
Во времето на Карло Велики овој празник веќе пошироко се обележувал а кралот Луј Побожниот во 835 год. го прогласил за државен празник. Одлуката за тоа била донесена на „барање од страна на папата Григориј IV со согласност од сите епископи“[3]
Денес
[уреди | уреди извор]Во календарот на Католичката црква, Денот на сите светци е означен како празничен ден, а во католичките земји тоа е воедно и државен празник. Во народот овој ден обично се поврзува со посета на гробиштата и уредување на гробовите, па така и со спомен на мртвите. Сепак, во Црквата Споменот на сите мртви верници или Духовден се обележува еден ден подоцна, на 2 ноември.
Освен во Католичката црква, овој ден се обележува и во Англиканската црква, како и во многу други евангелистички цркви, иако таму тој попримил други форми, во зависност од соодветната Црква.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Marty, Martin E. (2007). Lutheran questions, Lutheran answers: exploring Christian faith. Minneapolis: Augsburg Fortress. стр. 127. ISBN 978-0-8066-5350-1. Посетено на 2 November 2011.
- ↑ Willimon, William H. (2007). United Methodist Beliefs. Westminster John Knox Press. стр. 64. ISBN 9781611640618. Посетено на 30 October 2014.
- ↑ The Catholic Encyclopedia (New York, Robert Appleton Company, 1907), s.v. "All Saints' Day".
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ден на сите светци — Католичка енциклопедија (англиски)
- Ден на сите светци — „Православна Англија“ (англиски)
|