Дворец на семејството Дунѓерски во Челарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дворец на семејството Дунѓерски
Дворац породице Дунђерски
Карта
Општи податоци
МестоЧеларево
АдресаПролетерска
ГрадБачка Паланка
Земја Србија
Координати45°16′21.7302″N 19°31′8.5506″E / 45.272702833° СГШ; 19.519041833° ИГД / 45.272702833; 19.519041833
Обновена1985/1988,
Неважечки статус
Тип:Културен споменик на Србија од исклучително значење
Прогласено:7 мај 1970
БројSK 1015[1]

Дворец на семејството Дунѓерскидворец што се наоѓа во Јужнобачкиот Округ во градот Челарево, порано Чиб. Тој бил најголемата знаменитост на местото до Втората светска војна. Дворецот бил во сопственост на семејството Дунѓерски до 1946 година, кога им бил одземен. Според пописот на одземениот имот, семејството не побарало враќање на овој дворец. Гедеон, синот на Лазар Дунѓерски, сакал да му го поклони дворецот на народот со сите уметнички дела, за да ја претвори овој архитектонска значајна градба во музеј, кога тоа станало во 1968 година и му припаднал на Музејот на Војводина.

Историја[уреди | уреди извор]

Комплексот на дворецот на властелинскиот имот бил создаден во втората половина на 18 век. Помалиот дворец го изградил Марфи Липот на преминот од 18 во 19 век и во него со семејството живеел благородникот Никола Безереди. Безерди решил да изгради нов Голем дворец, кој според плановите на непознат виенски архитект бил изграден помеѓу 1834 и 1837 година. Иако самата градба била прогласена за дворец, Никола Безереди кој поседувал куќи во Виена и Будимпешта, ја користел исклучиво како летниковец. Во 1882 година комплексот му бил продаден на Лазар Дунѓерски.

Од крајот на 19 век па до Првата светска војна дворецот бил собиралиште на истакнати и значајни политички и културни дејци од тоа време. Меѓу другите, замокот го посетиле Никола Тесла, Паја Јовановиќ, Стеван Тодоровиќ и Лаза Костиќ, кој ја напишал најубавата љубовна песна „Santa Maria della Salute“ во чест на Ленка Дунѓерска, која ја запознал во овој дворец. Извесно време во дворецот престојувал и Александар Караѓорѓевиќ.

По Втората светска војна, од 1947 до средината на 1952 година, зградата на дворецот со придружните објекти му припаѓала на тогашното Претседателство на Владата на ФНРЈ. Тогаш во таа зграда повремено престојувал и претседателот Јосип Броз Тито. Дворецот е споменик на културата од исклучително значење. Депадансот станал единствен музеј на стилски мебел во поранешна Југославија, познат како Музеј на Војводина.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Објектот се наоѓа во простран парк, како приземна градба со правоаголна основа, со низа прозорци со рамни профилирани натпрозорници потпрени со конзоли во облик на волута, а во долниот дел со низа од булустери. На источната страна има класицистички трем со скалила поткрепени со четири дорски столбови, тимпан, скалила и закосени рампи за колски пристап. Задниот дел на дворецот е решен со спротивен испакнат дел и широки скалила. На ист начин се обликувани и страничните фасади. Покривот е на четири води покриен со бибер плочки, со украсни елементи од бакарен лим. Паркот околу дворецот е вреден поради присуството на ретка вегетација.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Информациони систем непокретних културних добара“.
  2. Дворац породице Дунђерски, Челарево Туристичка организација Србије
  3. КОМПЛЕКС ДВОРЦА ДУНЂЕРСКИ У ЧЕЛАРЕВУ, Покрајински завод за заштиту споменика културе

Надворешни врски[уреди | уреди извор]