Дарма Иницијатива

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оригиналното лого на Дарма Иницијативата

Дарма Иницијатива е фиктивен истражувачки проект во серијата Изгубени. Оваа иницијатива била сместена на островот во седумдесетите и осумдесетите, а логото се состои од октагонал (осумаголник со еднакви страни и агли) кој потсаќа на Фенг Шуи со различни слики во внатрешноста.

Повеќето од информациите за Дарма Иницијативата можат да се добијат од ориентационите видеја и од алтернативно реалната игра Изгубеното Искуство

Дарма Иницијативата беше уништена од Хостилите (оригиналните доселеници на островот) кои ги убија сите членови на Дарма Иницијативата освен Бен кој претходно се договорил со нив. Од играта Изгубено Искуство дознаваме дека Хансо Фондацијата (фондација која соработувала со Дарма Иницијативата) ја прекинала врската со Дарма Иницијативата во 1987. Во најновата Алтернативно Реална Игра Проект за Регрутација на Дарма Иницијативата која излезе во 2008, дознаваме дека Дарма Иницијативата сѐ уште постои.

Позадина[уреди]

Преживеаниците на прекуокеанскиот лет кој се сруши на еден остров налетуваат на еден чуден затворен отвор, и одлулуваат да го отворат со динамити. Овој отвор е една од многуте експериментални станици на Дарма Иницијативата на островот. Од неколку епизоди на серијата Изгубени, минатото и судбината на Дарма Иницијативата се откриени. Преживеаниците откриваат дека Дарма Иницијативата собирала интелектуалци и доброволци на островот, за да извршат истражувања во полињата на метерологијата, психологијата, парапсихологијата, зоологијата и електромагнетизмот.

Во Алтернативно Реалната Игра Изгубеното Искуство, во едно видео фиктивниот извршен директор на Фондецијата Хансо изјави дека тие ја откажале Дарма Иницијативатаво 1987. Подоцна во оваа игра, истото е истакнато и од Томас Мидлверк, важен член на Фондaцијата Хансо, тој изјави дека "Дарма Иницијативата пропадна". Ова не објаснува зошто во втората сезона од серијата Изгубени на островот беше испратен пакет со залихи за Дарма Иницијативата. Тоа, и фактот дека во Дарма станицата "Лебед" член на Дарма Иницијативата Келвин Инман, бил на островот години пo "Истребувањето", ја остава опцијата дека Дарма Иницијативата сѐ уште постои.