Џек Шепард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џек Шепард
JackS4a.jpg
Метју Фокс како Џек Шепард
ГлумецМетју Фокс
Прво појавување„Pilot, Part 1“
Централни
епизоди
„Pilot, Part 1“
„White Rabbit“
„All the Best Cowboys Have Daddy Issues“
„Do No Harm“
„Exodus, Part 1“
„Man of Science, Man of Faith“
„The Hunting Party“
„A Tale of Two Cities“
„Stranger in a Strange Land“
„Through the Looking Glass“
„Something Nice Back Home“
„There's No Place Like Home, Part 1“
„There's No Place Like Home, Parts 2 & 3“
Информации
ИмеЏек Шепард
Возраст37
СтатусЖив
(Поранешна) професијаНеврохирург
На авионот...Да го пренесе мртвото тело на татко му во САД
СезониС1 С2 С3 МБ С4 С5


Д-р Џек Шепард е еден од главните ликови во серијата Изгубени, глумен од страна на американскиот актер Метју Фокс. Пред падот на авионот, Џек бил неврохирург а на авионот се качил за да го пренесе мртвото тело на неговиот татко. По падот на авионот Џек се наметнува како лидер на преживеаниците. Џек, досега се појавил во најмногу епизоди во серијата - 77 епизоди и 5 мобизоди.

Позадина[уреди | уреди извор]

Џек досега се има појавено како центричен карактер во најмногу епизоди од серијата Изгубени. Исто така, во првата епизода на Изгубени тој беше центричен карактер. Тој веднаш по падот на авионот станува лидер главен протагонист. Џек е син на Кристијан Шепард и Марго Шепард, а е полу-брат на Клер и полу-чичко на Арон. Џек е талентиран Неврохирург во болницата Св. Себастијан во околината на Лос Анџелес. По падот на авионот, преживеаниците го прогласуваат како лидер, бидејќи имаше голема улога во спасувањето на преживеаниците од рушевините на авионот.

Биографија[уреди | уреди извор]

Пред падот[уреди | уреди извор]

Ран Живот[уреди | уреди извор]

Џек бил роден во 1967. Како дете тој бил претепан од дете насилник обидувајќи да спаси друго дете од него. Кога се посоветувал со татко му за повредите, тој му рекол дека не треба да биде херој, бидејќи сѐ уште не бил спремен да се одбрани од последиците.

Спасувањето на Сара[уреди | уреди извор]

Во околу 8 часот и 10 минути на непозната дата, Џек во болницата е пресретнат од две жртви (маж и жена) на сообраќајна незгода со рани на главите. Џек одбира да ја оперира жената (Сара). Погледнувајќи ги повредите, тој и вели дека таа нема веќе никогаш да прооди. Кристијан потоа го советува дека треба да биде пооптимистичен во врска со повредите на паццијентите. Моменти пред операцијата Џек и ветува на Сара дека ќе ја “среди”.

Операцијата не успеа, а Џек разочаран ја напушта болницата и се упатува кон стадионот каде што уште еден човек е таму. Џек се запознава со човекот кој се претставува како Дезмонд. А тој погодува дека некоја жена го мачи. Џек му кажува дека е доктор и дека не успеал да “среди” една жена, а на тоа Дезмонд му кажува дека и тој бил “скоро доктор” и дека треба да ја подигне мислејќи на повредата. Џек успешно ја оперира Сара, и се зближува со нејзе.