Дарлинг (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дарлинг
Darling River
Долното течение на Дарлинг кај Менинди
Земја Австралија
Подрачја Нов Јужен Велс
Дел од Мари, Мариско-дарлиншки слив
Притоки
 - леви Барвон, Боган
 - десни Калгоа, Варего, Пару
Градови Берк, Вилканија, Менинди, Вентворт
Извор утока на Барвон и Калгоа
 - место кај Бреварина, НЈВ
 - височина 119 м
 - координати 29°57′31″ ЈГШ 146°18′28″ ИГД / 
Утока утока во Мари
 - местоположба Вентворт, НЈВ
 - височина 35 м
 - координати 34°06′47″ ЈГШ 141°54′43″ ИГД / 
Должина 1.472 км
Истек
 - просечен 100 м3 (приб.)
Системот на Дарлинг и Мари
Системот на Дарлинг и Мари

Дарлинг (англиски: Darling River) — трета река по должина во Австралија. Долга е 1.472 км и извира во северен Нов Јужен Велс и завршува влевајќи се во реката Мари кај Вентворт. Целиот систем има вкупна должина од 2.844 км и со тоа е најголем во земјата.[1] Наречена е во чест на управникот на Нов Јужен Велс, Ралф Дарлинг (1772-1858), по чија иницијатива е откриено течението на реката.

Ова е најзначајна река во пространите сушни предели „аутбек“.[2] Во изминатите периоди, реката е во лоша состојба поради прекумерна употреба за наводнување, загадување од пестициди и долгите сушни периоди (во некои години речиси и да немало вода). Денес таа се одликува со голема соленост и лош квалитет на водата. Во најново време полноводноста се подобрува поради поголемите врнежи, но повратокот во нормална состојба зависи од подолгорочни напори.

Течение[уреди]

Системот Мари-Дарлинг е впрочем меѓу најголемите во светот. Сливот го опфаќа цел Нов Јужен Велс заоадно од Големите Разводни Планини, голем дел од Викторија и јужен Квинсленд, како и делови од Јужна Австралија. Бидејќи има голем број свиоци, течението е трипати подолго од воздушната линија помеѓу изворот и утоката.[3]

Реката тече во југозападен правец и во добар дел од течението е рамничарска, со просечен наклон од само 16 мм на километар.[4] Официјално, Дарлинг настанува помеѓу Бреварина и Берк со спојот на Калгоа и Барвон, чии притоки извираат во планините на јужен Квинсленд и северен Нов Јужен Велс западно од Големите Разводни Планини. Тие се Балон (чиј ракав е Калгоа) и неговите притоки; Макинтајр и неговите притоки како Дјумерик и Северн (постојат две со исто име), Гвидир, Намој, Каслри и Маквори. Другите притоки (Боган, Варего и Пару) се влеваат во Дарлинг кај Берк или по него.

Северниот дел од течението на Дарлин спаѓа во екорегионот „југоисточноавстралиска умерена савана“ а југозападниот е дел од екорегионот Мариско-дарлиншка Котлина.

Населени места[уреди]

Поважни населени места по течението на Дарлинг се Бреварина, Берк, Лаут, Тилпа, Вилканија, Менинди, Пункери и Вентворт.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „(Australia's) Longest Rivers“. Geoscience Australia. 16 октомври 2008. http://www.ga.gov.au/education/geoscience-basics/landforms/longest-rivers.html. конс. 16 февруари 2009. 
  2. Sally Macmillan. „Darling River townships offer historic route“, Queensland Newspapers, 24 јануари 2009 (конс. 30 октомври 2010).
  3. „Surface Water Resources“. Murray Darling Basin Commission. 29 октомври 2006. http://www2.mdbc.gov.au/nrm/water_issues/surface_water.html. конс. 31 јануари 2011. 
  4. „The Darling River“. Central Darling Shire Council. http://www.centraldarling.nsw.gov.au/about/1001.html. конс. 30 октомври 2010. 

Надворешни врски[уреди]