Мари (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мари
Murray River
Долното течение на Мари кај Мари Бриџ
Земја Австралија
Подрачје Нов Јужен велс, Викторија, Јужна Австралија
Притоки
 - леви Мита МИта, Киева, Овенс, Гулберн, Кампасп, Лодон
 - десни Свомпи Плејнс, Марамбиџи, Дарлинг
Извор Ковомбат Флет
 - место Австралиски Алпи, Нов Јужен Велс и Викторија
 - координати 36°47′46″ ЈГШ 148°11′40″ ИГД / 
Утока Јужен Океан
 - местоположба Гулва, Јужна Австралија
 - височина м
 - координати 35°33′32″ ЈГШ 138°52′48″ ИГД / 
Должина 2.375 км
Слив 1.061.469 км²
Истек
 - просечен 767 м3
Течението на Мари
Течението на Мари
На Ризницата: Мари

Мари (англиски: Murray River или River Murray) — најдолга река во Австралија. Долга е 2.375 км[1] и извира во Австралиските Алпи и претежно тече во свиоци низ рамничарските делови во внатрешноста на земјата. Реката ја образува границата помеѓу сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија течејќи на северозапад, а во последните 500 км тече на југ во Јужна Австралија и завршува во езерото Александрина и океанот.

Тече низ неколку езера со колеблив степен на соленост како што се Александрина и Куронг, па кај Гулва се влева во Индискиот Океан (во земјата често наречен Јужен Океан). Иако реката знае да биде обемна, устието е релативно мало и плитко.

Речниот систем игра значајна улога во наводнувањето на обработливите површини по течението, кои имаат најголемо производство на земјоделски култури во земјата.

Географија[уреди]

Мари сочинува дел од речниот систем Мари-Дарлинг долг 3750 км чиј слив ја опфаќа речиси сета копнена Викторија, Нов Јужен Велс и јужен Квинсленд — една седмина од копнената маса на Австралија. Во споредба со другите реки во светот со слични сливови, Мари има многу помала полноводност и се одликува со големи колебања во текот на годината.

Реката сочинува голем дел од границата помеѓу државите Викторија и Нов Јужен Велс. Самата граница лежи на јужниот брег, така што реката како таква не тече низ Викторија.[2]

Поважни населени места[уреди]

По течението на Мари се расположени следниве населени места:

  • Олбери, NSW / Водонга: 82.083[3]
  • Ечука / Моама, НЈВ: 16.000
  • Свон Хил, Викторија: 9.700
  • Милдјура, Викторија: 32.000
  • Ренмарк, Јужна Австралија: 8.000
  • Мари Бриџ, Јужна Австралија: 20.500

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Mackay, Norman; David Eastburn (editors) (1990). „The Murray“. Canberra: Murray-Darling Basin Commission. ISBN 1-875209-05-0. 
  • Berndt, Ronald M. & Catherine H. (1993). „A World That Was: The Yaraldi of the Murray River and the Lakes, South Australia“. Vancouver, Canada: UBC Press. ISBN 0-7748-0478-5. 

Надворешни врски[уреди]