Дарко Спалевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дарко Спалевиќ (Вучитрн, 24 март 1977) е професионален српски фудбалер. Настапувал на позицијата напаѓач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Спалевиќ кариерата ја започнал во екипата на Раднички од Вучитрн, по што преминал во тимот на Трепча од Косовска Митровица.[1] Во сезоната 1998/99 бил играч на екипата на Приштина, а во 1999 година настапувал за составот на Бане од Рашка. Во периодот помеѓу 1999 и 2001 година Спалевиќ бил во редовите на екипата на белградски Милиционар. Во текот на 1999 година имал одиграно и еден натпревар за младата репрезентација на СР Југославија.[2]

Во летото 2001 година, тој се приклучил во составот на Црвена ѕвезда, која во тој период била предводена од тренерот Славољуб Муслин.[3] За црвено-белите одиграл 11 натпревари на кои не постигнал ниту еден гол. Тој земал активно учество и во квалификациите за Лигата на шампионите против составот на Бајер Леверкузен.[4] По заминувањето од екипата на Црвена ѕвезда, Дарко неколку години настапувал во странство, и тоа во Бугарија, Русија, Унгарија и Кина.

Во дресот на Славија од Источно Сараево, двапати бил најдобар стрелец во Премиер лигата на БиХ (2007/08, 2008/09).[5] Тој го освоил Купот на Босна и Херцеговина со составот на Славија во сезоната 2008/09.[6]

Во летото 2010 година Спалевиќ се вратил во Србија потпишувајќи договор со екипата на Раднички 1923. Со тимот од Крагуевац, успеал да избори пласман во Супер лигата, а воедно и бил втор стрелец во Првата лига на Србија во сезоната 2010/11 со вкупно 19 постигнати голови на 28 натпревари. Во сезоната 2011/12 бил најдобар стрелец во Супер лигата со 19 постигнати голови на вкупно 26 натпревари. Во таа натпреварувачка сезона успеал да влезе и во идеалниот тим на сезоната.[7] Во тимот на Раднички останал до 2014 година и постигнал вкупно 53 гола на 105 првенствени натпревари.

Во месец јуни 2014 година се преселил во екипата на Долен Срем од Пеќинац.[8] За овој клуб во сезоната 2014/15 во српската Суперлига одиграл 22 натпревари и постигнал пет гола. Во месец јули 2016 година се вратил во екипата на Раднички од Крагуевац.[9] Спалевиќ во сезоната 2016/17 во српската лига Запад одиграл 25 натпревари и постигнал 8 голови. [10] Тој му помогнал на својот тим да го освои првото место во српската лига и од сезоната 2017/18 тимот продолжил да се натпревара во Првата лига на Србија.[11] На почетокот на сезоната 2017/18 одиграл само два натпревари во Првата лига на Србија,[10] по што ја завршил својата играчка кариера.[12]

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски успеси[уреди | уреди извор]

Славија од Сараево
  • Освоен е Купот на Босна и Херцеговина (1): 2008/09.
Раднички од Крагуевац
  • Освоена е Српската лига Запад (1): 2016/17.

Индивидуални успеси[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дарко Спалевић“. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Пораз плавих“. 29. 12. 1999. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Дошао је у Звезду као појачање за ЛШ, играо против Рикелмеа, Савиоле и Камбијаса, а у среду је постигао златан гол у селу код Пожаревца (ВИДЕО)“. 18. 5. 2017. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „Спалевић: У Звезди нисам веровао у себе“. 22. 5. 2012. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  5. „Без старца нема ударца“. 20. 11. 2015. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. „Славији Куп БиХ“. 28. 5. 2009. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  7. „Проглашен најбољи тим Суперлиге“. 14. 5. 2012. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. „Спалевић појачао Доњи Срем“. 17. 6. 2012. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „Дарко Спалевић поново у Радничком“. 26. 6. 2016. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  10. 10,0 10,1 „Дарко Спалевић“. Архивирано од изворникот на 2019-03-10. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. „Раднички првак Српске лиге „Запад". 5. 6. 2017. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)[мртва врска]
  12. „Спалевић бубамару замијенио хотелом“. 27. 9. 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-10. Посетено на 10. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)