Прејди на содржината

Грофовија Едеса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грофовија Едеса
Comitatus Edessanus
1098–1150
Главен градЕдеса (1098-1144; 1146)
Турбесел (1144-1146; 1146-1150)
Говорени јазицилатински, старофранцуски, италијански (како и арапски, грчки and ерменски)
Вероисповед
Римокатоличка, Православна, Сириска, Ислам, Јудаизам
УредувањеМонархија
• 1098–1100
Болдвин I Ерусалимски
• 1131-1150
Жослин II
Историски периодДоцен среден век
• Прва крстоносна војна
1098
• Освоена од Нур ад-Дин Зенги
1150
Претходници
Наследници
Фатимиди
Зенгиска династија
Византија

Грофовија Едеса била една од државите кои биле формирани од страна на крстоносците во време на Крстоносните војни во 12 век. Главна престолнина на новата држава бил градот Едеса, кој се наоѓа на територијата на поранешна Месопотамија, денешна Сирија. Крстоносците на чело со Болдвин Де Бујон најпрвин ја окупирале и опседнале Едеса за да на 10 март 1098 година Болдвин Де Бујон го преземе градот и на тој начин да ја создаде првата крстоносна држава во Светите Земји. Едеса била преземена од страна на муслиманите во текот на 1144 година, чија година се поврзува и престанувањето на постоење на оваа држава. Вториот крстоносен поход (1147-1149) бил закажан за во текот на 1145 година како одговор за потпаѓањето на грофовијата Едеса на 25 декември претходната година во рацете на владетелот на Мосул - Зенги.