Франкократија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Започнување на Франкократија по поделбата на Византија

Франкократија (грчки: Φραγκοκρατία, во превод „владеење на Франките“), исто така позната како Латинократија (грчки: Λατινοκρατία) или Венетократија (грчки: Βενετοκρατία) — периодот во грчката историја по Четвртата крстоносна војна (1204), кога на територијата на Византија била под управа на неколку западни, главно француски и италијански крстоносци, според Partitio terrarum imperii Romaniae односно „Поделба на земјите на Ромеите“.

Терминот произлегува од името што го дале православните Грци на западноевропските латински црковни католици: Латини. Повеќето Латинци имале француско, норманско или венецијанско потекло. Периодот на франкократија се разликува по регион.Самата политичката ситуација се покажала како многу нестабилна, бидејќи новоформираните земји помеѓу себе имале голем број на недоразбирања, а грчките држави-наследници повторно започнале со враќање на териториите.

Со исклучок на Јонските Острови и некои изолирани тврдини кои останале во венецијански раце до крајот на 19 век, конечниот крај на Франкократијата во грчките земји настапило со османлиското освојување, главно од 14 до 16 век.