Османлиска Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа сторија е дел од темата:

Историја на Грција

Преаисториска Грција
Хеленски период
Кикладички период
Минојска цивилизација
Микенска цивилизација
Грчки стар период
Стара Грција
Архаичен период во Грција
Класична Грција
Хеленска Грција
Римска Грција
Средновековна Грција
Византиско Царство
Отоманска Грција
Модерна Грција
Грчка војна за независност
Кралство Грција
Грција во II светска војна
Граѓанска војна во Грција
Воена хунта
Хеленска Република
Тематска историја
Економска историја на Грција
Воена историја на Грција
Уставна историја на Грција
Имињата на Грците
Грчка уметност


Поголемиот дел од територијата на денешна Грција, под власта на Отоманското Царство била во периодот од 15 век па сè до прогласувањето на независност во 1821. Овој период од историјата на Грција е познат како Tourkokratia (грчки: Τουρκοκρατία ", турско владеење").

Византиското Царство, која владеела со поголемиот дел од грчкиот свет, постоела во период од околу 1100 години. Нејзината престолнина Цариград на неколкупати била опседнувана како од крстоносците, така и од Османлиите.

Османлиското заземање на Грција било проследено со претходното отоманско покорување на Србија на северниот дел од Балканскиот Полуостров. Меѓу првите битки кои се одвивале на Балканот била т.н. Маричка битка во 1371 година кај реката Марица во која српските сили предводени од српскиот крал Волкашин Мрњавчевиќ претрпиле пораз. Истото се случило и во 1389 година во Косовската битка, при кое Османлиите конечно го зазеле овој дел од Балканот.

По покорувањето на Србија, Османлиите во 1453 година го зазеле градот Цариград, и веднаш по тој голем успех се упатиле во внатрешноста на Грција. Така во 1458 година ја зазеле и Атина. Грците власта на Пелопонез ја задржиле уште само две години. Во 1460 година, полуостровот бил во рацете на Венецијанската Република и Џеновската република, но веќе во 1500 година поголемиот дел од полуостровот и разните помали острови припаѓале на Османлиите. Високите планини во Грција биле скоро недопрени, па тоа им претставувало единствено засолниште на Грците.

Во 1571 година бил заземен Кипар. Венецијанската Република Крит го држал до 1670 година. Јонските острови биле само на кратко во владеење на Османлиите (Кефалонија 1479-1481 и 1485-1500), и практично останале под власта на Венеција.

Миграција[уреди | уреди извор]

Консолидацијата на османлиското владеење било проследено во два различни текови на Грчката миграција. Првата фаза на грчката миграција опфаќала голем број на интелектуалци, како на пример Василиј Висарион, Георгиј Гемистос Плетон и Маркос Муцорус кои мигрирале во Западна Европа, давајќи удел во веќе започнатата ренесанса. Сепак, и покрај таа миграција, треба да се напомене дека миграциониот процес започнал многу порано, односно по падот на Цариград во 1453 година.[1]).

Администрација и економија[уреди | уреди извор]

Османлиска Грција била поделена во шест санџаци, и секој бил управуван од страна на санџакбеј, близок соработник на султанот кој престолнината на Османлиското Царство ја преместил во Цариград. Пред оваа поделба, Османлиите во империјата поделбата ја вршиле врз основа на религијата.

Освоените територии и обработливите површини биле во сопственост на османлиските благородници, кои директно подпаѓале под авторитетот на султанот. Земјиштето не можело да се продава или наследува. Економската ситуација на мнозинството Грци во голема мера се влошила во текот на отоманската ера на земјата[2]. Високите даноци кои им се налагале на христијанските селани, придонело грците да се занимаваат исклучително и само со земјоделство. Исклучок од ова правило бил градот Цариград и Јонските острови, каде што многу Грци живееле во просперитет.

Религија[уреди | уреди извор]

"Млади Грци во џамија" (Жан Леон Жером, масло на платно, 1865

По паѓањето на Цариград под власта на Османлиите во 1453 година, на Цариградската патријаршија и било признаено првото да биде духовен водич на сите христијани во земјата, без разлика од каде потекнуваат. Патријархот бил одговорен пред султанот за однесувањето на православното население. Во првите векови од владеењето, Цариградската патријаршија го помагала црковното дело и училиштата и во голем степен се спротивставувала за напорите на Османлиите да го потурчат христијанското население на Балканскиот Полуостров. Некои грчки градови, како Атина и Родос, ја задржиле општинската самоуправа, додека во сите останати биле ставени османлиски управители. Некои области, како на пример полуостровот Мани Пелопонез, и делови од Крит и Епир, практично останале независни. За време на честите турско-венецијански војни, Грците секогаш застанувале на страната на Вернецијанската република, со мали исклучоци.[3]Грчката православна црква помагала во голем степен во зачувувањето на грчкото наследство.

Како по некое правило, Османлиите не барале Грците да станат муслимани, иако многумина биле исламизирани поради нивната економска сиромаштија, и покрај тоа што тие го задржиле својот јазик и култура. Во очите на христијаните, сепак, тие се сметаат Турците. Некои Грци станале т.н. нео-маченици, како на пример Свети Ефраим и Свети Димитрија, некои пак Крипто-христијани (грчки муслимани кои биле тајна организација на Грчката православна вера).

Наголемите прогони на христијание во Грција се случиле во времето на Селим I, кој се обидел да го искорени христијанското население од Османлиското Царство, наредувајќи конфискација на сите христијански цркви.[4]

Даноци[уреди | уреди извор]

Грците, исто така, плаќале данок на земјиште и данок на трговија, кои биле собрани од страна на Отоманската администрација. Како и сите немуслимански народи во империјата, така и Грците морале да го плаќаат данокот џизија, наместо данокот зекат како еден од Петте столбови на исламот, кои го плаќале муслиманите. Немуслиманското население не служело во армијата на султанот, но младите христијански деца честопати присилно биле исламизирани. Овој т.н. данок се нарекувал данок во крв. Данокот во крв или девширме се изразувало во периодичното наслино собирање на децата од машки пол од потчинените христијански народи во Османлиското Царство во нивната петгодишна возраст. Овој данок бил воведен во времето на Бајазит I во 14 век и продолжил сè до XVIII век. Децата биле водени во Анадолија, во муслимански семејства, каде биле потчинети на голема исламска пропаганда, како и тежок физички труд. Оние деца, кои успевале се испраќале во касарните во Цариград, Едрене и Бурса. Честопати се нарекувани и јаничари.

Во 1705 година, една група од млади момчиња од Науса биле испратени во Македонија. Но, по улиците на Солун се создале големи немири поради насилното потурчување. По брзата интервенција, бунтовниците биле обезглавени, а нивните глави забиени на кол во центарот на градот.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Белата кула во Солун

Вклучувањето на Грција во составот на Отоманското Царство имало долгорочни последици. Етничкиот состав на населението значително се изменил. Турците интензивно се населиле во Тракија. По протерувањето на Евреите од Шпанија во 1492 година, голем дел од тоа население се населел во Солун, кој станал главен еврејски центар на империјата. Грчкиот јазик се распаднал на регионални дијалекти, во него се додале голем број на турски зборови. Грчката музика и грчката култура заедно со нејзините елементи биле под силно влијание на османлиската.

Падот на империјата[уреди | уреди извор]

Леандрос Филарас ( 15951673) бил грчки научник роден во Атина во 1595[6], бил еден од најголемите поддржувачи на грчкото ослободително движење од Отоманската власт и потрошил голем дел од својот живот во убедувањето на западноевропските интелектуалци за поддршка на грчката независност[7].

По неколкуте неуспешни опсади на Отоманците на градот Виена и нејвниот пораз, во 1683 година Отоманското Царство влегла во голема економска криза која довела до зголемување на корупцијата, репресија и неефикасноста на администрацијата. Ова довело до зголемување на незадоволството на населението и до избувнување на повеќе бунтови и востанија во империјата. Грчката популација до некој степен се зголемила во текот на 17 век, кога населението од малите населени места во планините се населиле по градовите. Од друга страна пак, грчката интелигенција и бројот на образованите луѓе се зголемувал. Во текот на 17 век и XVIII век, сè повеќе грчки службеници биле регрутирани во администативните, техничките и финансиските сектори на империјата.[8] Во 1700 година, грците ги заземале едни од највисоките функции во Отоманската држава. Фанариотите, како класа на најбогатите Грци, живееле во Фенер, Цариград и бројот на истите постепено се зголемувал. Нивните патувања во Западна Европа, односно нивната трговија или дипломатија, довела до контакт со напредни идеи на либерализмот и национализмот, кое довело до почеток на создавањето на грчкото национално движење кое било главно насочено против османлиската власт. Исто така, многу грчки трговци и патници биле под влијание на идеите на Француската револуција.

Грчкиот национализам бил, исто така, поттикнат од страна на агентите на Екатерина II, православниот владетел на Руската Империја, која преку тоа се надевала да се стекне со симпатии од грчкото население, и преку потикнување на христијански востанија против Османлиите да може да го зазеде Цариград. Меѓутоа, за време на Руско-турската војна од 1768 година, Руската Империја не успеела да го зазеде Цариград, главно поради дадената помош од страна на Франција и главно поради стратегиската положба на дарданелите, каде биле стационирани Османлиите[9][9][10][11][12]. Со Договорот од Ќучук Каинарџа, Керч бил отстапен на Русија. Русија придобила определени права врз грчките православни поданици на султанот, односно успеала да навлезе во административното управување на Османлиската импеирја. Ова се случило во време кога избила и Француската револуција, која дополнително го озночил почетокот на создавањето на активното националистичко движење на Грција.

Во Наполеоновите војни можеби не учествувал ниту еден грк, но сепак за нив овие војни имаат голермо значење ако се има предвид фактот што по заземањето на Венецијанската Република, голем дел од Јонските острови припаднале на Грција. Во 1800 година била создадена првата островска држава во Јонско Море наречена Септинсуларска република. Така, грците за првпат по 1453 година добиле право на самоуправување, макар и под султански надзор. По крајот на Наполеоновите војни, Грците со поддршка и помош на Французите и Британците започнале да се спремаат за големата војна за независност.

Војна за независност[уреди | уреди извор]

Битка кај Наварино, октомври 1827 година, по која Грција издвојуала независност

Тајната грчка националистичка организација наречена "Пријателско општество" била основана во Одеса во 1814 година. Членовите на организацијата планирале дигање на востание со поддршка на богатите грчки егзилски заедници во Велика Британија и САД. Тие, исто така, добиле поддршка во Западна Европа, како и од Русија. Организацијата ја поддржувал и Јоанис Каподистријас, кој бил руски министер за надворешни работи. Тој станал водач на востанието. На 25 март (сега грчки Ден на Независноста) 1821 година, православниот епископ Германос од Патра го означил почетокот на востанието.[13][14]

Востанието било застапено во цела Грција, вклучително и делови во Македонија, Крит и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани.[15]

Османлиите наскоро, како одмазда, го масакрирале грчкото население на Хиос и други градови. Овие настани предизвикале дополнителни симпатии на Западна Европа кон грчкото ослободително движење, иако некои се сомневале во руската позадина на востанието. Грчките востаници немале можност да создадат привремена влада на веќе ослободените делови на земјата. Војните продолжиле во 1825 година, кога османлискиот султан испратил огромна војска од Египет.

По смртта на поетот Лорд Бајрон во 1824 година, западните сили увидиле дека е крајно време за нивна интервенција. Во октомври 1827 година, британските, француските и руските флоти, по иницијатива на локалните команданти, ја поразиле отоманската флота во Битката кај Наварино. Ова било одлучувачки момент во војна за независност на Грција. Во октомври 1828, француските војници пристигнале на Пелопонез во знак на поддршка. Под нивна заштита, Грците успеале да ја создадат владата.

Така, на 11 мај 1832 година, Грција конечно била признаена како суверена држава. Јоанис Каподистријас, кој бил шеф на непризнаена Грција од 1828 година, бил убиен во октомври 1831 година. За да се спречи натамошното експерименти во републиканската влада, западните сили инсистирале земјата да стане монархија. Така, Отон I бил избран за првиот монарх на земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Treadgold, Warren. History of Byzantine State and Society. Stanford University Press, 1997.
  2. Paroulakis, pp. 10-11.
  3. For example, during the Turkish reconquest of the Morea in 1715, local Greeks supplied the Turks and refused to join the Venetian army due to feared future reprisals by the Turks. (Stavrianos, L.S. The Balkans since 1453, p. 181).
  4. Paroulakis, p. 11.
  5. Vasdravellis, I. Οι Μακεδόνες κατά την Επανάστασιν του 1821 (The Macedonians during the Revolution of 1821), 3rd improved edition, Thessaloniki: Society of Macedonian Studies, 1967.
  6. Hutton, James (1946). The Greek anthology in France and in the Latin writers of the Netherlands to the year 1800 Volume 28. Cornell University Press. стр. 188. OCLC 3305912. LEONARD PHILARAS or VILLERET (c. 1595-1673) Philaras was born in Athens of good family and spent his childhood there. His youth was passed in Rome, where he was educated, and his manhood
  7. Merry, Bruce (2004). Encyclopedia of modern Greek literature. Greenwood Publishing Group. стр. 442. ISBN 0313308136. Leonardos Filaras (1595-1673) devoted much of his career to coaxing Western European intellectuals to support Greek liberation. Two letters from Milton (1608-1674) attest Filaras’s patriotic crusade.
  8. Hobsbawm, pp. 181-185.
  9. 9,0 9,1 Imperialism and science: social impact and interaction by George Vlahakis p.92 [1]
  10. An Ottoman statesman in war and peace: Ahmed Resmi Efendi, 1700-1783 by Virginia H. Aksan p.116 [2]
  11. Armies of the Ottoman Turks 1300-1774 by David Nicolle p.21[мртва врска]
  12. History of the Balkans: Eighteenth and nineteenth centuries by Barbara Jelavich p.117 [3]
  13. „Greek Independence Day“. www.britannica.com. Посетено на 2009-09-09. The Greek revolt was precipitated on 25 март 1821, when Bishop Germanos of Patras raised the flag of revolution over the Monastery of Agia Lavra in the Peloponnese. The cry “Freedom or Death” became the motto of the revolution. The Greeks experienced early successes on the battlefield, including the capture of Athens in June 1822, but infighting ensued.
  14. McManners, John (2001). The Oxford illustrated history of Christianity. Oxford University Press. стр. 521-524. ISBN 0192854399. The Greek uprising and the church. Bishop Germanos of old Patras blesses the Greek banner at the outset of the national revolt against the Turks on 25 март 1821. The solemnity of the scene was enhanced two decades later in this painting by T. Vryzakis….The fact that one of the Greek bishops, Germanos of Old Patras, had enthusiastically blessed the Greek uprising at the onset (25 март 1821) and had thereby helped to unleash a holy war, was not to gain the church a satisfactory, let alone a dominant, role in the new order of things.
  15. Jelavich, p. 217.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Hobsbawm, Eric John. The Age of Revolution. New American Library, 1962. ISBN 0-451-62720-2
  • Jelavich, Barbara. History of the Balkans, 18th and 19th Centuries. New York: Cambridge University Press, 1983. ISBN 0-521-27458-3
  • Paroulakis, Peter H. The Greek War of Independence. Hellenic International Press, 1984.
  • Shaw, Stanford. History of the Ottoman Empire and Modern Turkey: Volume I. Cambridge: Cambridge University Press, 1977.
  • Vacalopoulos, Apostolis. The Greek Nation, 1453-1669. Rutgers University Press, 1976.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]