Графички техники и технологии

Графички техники и технологии претставуваат материјали, постапки и начини на нивна употреба при печатење и создавање на уметнички дела графика. Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела се: најпрво изработката на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. Исто така по правило во оваа техника графичките отпечатоци, благодарение на матрицата можат да се печатат во два и повеќе примероци - тиражи, со што графичкиот отпечаток, како уметничко дело заради својата мултиоригиналност е една од најдемократските и најдостапни уметнички дисциплини. Методот на графичките техники за обработка на матрицата - подлогата може да биде: механички, хемиски и фотохемиски. Според тоа како е изработен и обработен цртежот на матрицата, релјефно, длабинско или рамно, се разликуваат три главни графички методи на печатење: релјефно, длабинско и рамно соодветно.[1]
Главни графички техники[уреди | уреди извор]
Главни видови | Механички метод | Хемиски метод | Фотохемиски метод[2] |
---|---|---|---|
Висок печат | Дрворез, Линорез | ||
Длабок печат | Бакрорез, Мецотинта, Сува игла | Бакропис, Акватинта, Мека превлака, Резерваж, Колаграфија | |
Рамен печат | Литографија, Хектографија | Ситопечат, Фотолитографија |
Графички методи[уреди | уреди извор]
Механички метод[уреди | уреди извор]
Овој метод вклучува само рачна изработка и претставува врежување во матрицата која може да е од дрво или метал. Врежувањето се врши со помош на графички алатки - ножеви, игли, длета, шила.
Хемиски метод[уреди | уреди извор]
Хемискиот метод покрај рачната обработка вклучува и хемиски процеси на обработка на матрицата кои се познати како - нагризување или нагризување на металната плоча со киселини.
Фотохемиски метод[уреди | уреди извор]
Овој метод подразбира дејство врз матрицата со помош на светлина и хемиски средства[3].
Техника на висок печат[уреди | уреди извор]
Оваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата.
Техника на длабок печат[уреди | уреди извор]
Оваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.
- Бакрорез[6]
- Мецотинта[7]
- Сува игла[8]
- Бакропис[9]
- Акватинта[10]
- Мека превлака[11]
- Резерваж[12]
- Колаграфија[13]
Техника на рамен печат[уреди | уреди извор]
Техниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча.
Галерија со примери од графички техники[уреди | уреди извор]
Четворицата јавачи 1496 - 98 од Албрехт Дирер , прикажани се Четирите јавачи на Апокалипсата
Промена на престојот, од Пол Гоген 1899, дрворез, приватна колекција
Света Агнеса, мецотинта од Џон Смит
Жена во ресторан, сува игла од Лесер Ури
Рембрант Херменсон ван Рајн, Богородица и дете со мачка, 1654, бакропис
1835, акватинта на која е прикажана првата изведба на операта Пуританци од Винченцо Белини
Автопортрет со рака од скелет од Едвард Мунк
Франциско Гоја „Автопортрет“, циклус „Капричиос“, акватинта
Франциско Гоја „Тоа е полошо“, циклус „Ужасите на војната“, бакрорез
Франциско Гоја „Варвари“, циклус „Ужасите на војната“, бакропис
Франциско Гоја „Предупредување“, циклус „Диспаратес“,акватинта
Циклус Франциско Гоја „Диспаратес“, акватинта
Циклус Франциско Гоја „Диспаратес“, акватинта
Циклус Франциско Гоја „Тавромахија“, бакропис, акватинта
Циклус Франциско Гоја „Тавромахија“, бакрорез, акватинта
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Drucktechnik[мртва врска]
- ↑ „Kunst Druckverfahren“. Архивирано од изворникот на 2019-09-27. Посетено на 2019-09-27.
- ↑ Les différentes techniques d'estampe[мртва врска]
- ↑ Woodcut in Art
- ↑ What is a Linocut
- ↑ bakrorez
- ↑ Mezzotinta
- ↑ „SUHA IGLA“. Архивирано од изворникот на 2019-09-28. Посетено на 2019-09-28.
- ↑ bakropis
- ↑ Ofort ja akvatinta
- ↑ „graficke-tehnike“. Архивирано од изворникот на 2019-09-17. Посетено на 2019-09-28.
- ↑ Резерваж
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-09-28. Посетено на 2019-09-28.
- ↑ Les techniques de l'estampe
- ↑ Hectographs
- ↑ Screen Printing
- ↑ What is Photolithography
Литература[уреди | уреди извор]
- ESTAMPES,TAILLE DOUCE & AUTRES PROCÉDÉS, Claire HÉNAULT, 10, rue de Port-Royal[1].
- Chamalieres - 10 Catalogue[2].
- l'estampe et le multiple - Creative Commons Attribution-Share Alike 3.0 Unported,2011[3].
- Паригин А. Б. Уметноста на графиката XX век (историја, феноменологија, техники, поими). — СПб, 2010. — 304 с. ил. (рус). —. ISBN 978-5-7937-0490-8.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Les procédés de gravure Архивирано на 2 јули 2019 г.
- Petit lexique des techniques de l'estampe Архивирано на 17 септември 2019 г.
![]() |
„Графички техники и технологии“ на Ризницата ? |
- ↑ „Estampes“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2016-06-01. Посетено на 2019-09-27.
- ↑ Catalogue
- ↑ l'estampe et le multiple[мртва врска]