Голема птица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Голема птица”
Mothman2.jpg
ВидКриптид
ПодвидЖив диносаурус” ,
Криптозоолошка птица,
Криптозоолошки влекач
Подрачје САД

„Голема птица” (англиски: Big Bird) е криптид кој наводно живее во дивината на САД[1]. По некои карактеристики овој криптид е сличен со громовита птица.

Други називи[уреди | уреди извор]

Во дел од САД постојат и други називи за „голема птица”, како што се:

  • „џиновски буф” (Giant Owl)[1],
  • пијаса (Piasa)[1],
  • и џајастикутус (Giasticutus) (од подрачјето на планината Озакс )[1].

Опис на „голема птица”[уреди | уреди извор]

Се опишува како суштество кое наликува на голема птица грабливка прекриена со тамносиво/костенливо перје. Има тeнoк и кратoк врат кој нe e прекриен со перје, издолжен свиткан клун, големи црни очи кои во ноќта светат во црвена боја, и мали кратки нозе со остри канџи. Висока е околу 0,91 до 2,84 метри. Распонот на крилјата на оваа суштество е околу 2,84 до 9,14 метари[1], со бели врвови на крилјата. Должината на отпечатокот од стопалото на оваа сштество е 30 сантиметри, а широчината 7 сантиметри. Ноќно животно е и се храни со живи животни. Знае да напаѓа луѓе и да грабнува мали деца[1]. Се гнезди на клисури.

Во креационизмот[уреди | уреди извор]

Според зборовите на креационистите „голема птица” е еден од доказите за постоењето на живи диносауруси. Тие го опишуваат како суштество кое наликува на птеросаурус. Висок е 1,5 метри. Има кожести крилја со распон од околу 9 метари кои наликуваат на крилјата на лилјакот, темносива кожа без влакна, тенок и краток врат, големи црни очи кои светат во црвена боја, краткок клун со ситни заби, и мали кратки нозе.

Хронологија на средби со оваа суштество и видувања[уреди | уреди извор]

  • Во есен 1868 година во округот Типа во (Мисисипи) голема птица грабливка слична на орел наводно нападнала осумгодишно момче. Птицата се обидела да го убие така што го подигнала од земјата и го фрлила на земја[1];
  • Во јануари 1895 година во близина на местото Берг во (Западна Вирџинија) голема птица грабливка слична на орел, која е наводно видена на оваа подручје, наводно е крива за исчезнувањето на десетогодишно девојче[1];
  • На 26 април 1948 година во близина на градот Сент Луис наводно е видена птица грабливка со големина на авион „Пајпер Ј-3 Каб” (англиски јазик|Piper J-3 Cub)[1];
  • На 27 фебруари 1954 година во близина на градот Хилсборо во (Орегон) наводно се видени неколку големи птици грабливки како кружат на голема височина;
  • Во јули 1968 година во близина на местото Кенивил во (Илиноис) наводно е видена голема црна птица грабливка слична на орел. Сведокот на овој настан опишал дека имала врат и глава без пердуви[1];
  • Во 1976 година се случиле неколку видувања на оваа суштество:
    • На 1 јануари 1976 година во близина на градот Харлинџен во (Тексас) наводно е видена голема птица грабливка. Оваа птица наводно слетала на околу 90 метари од две момчиња на нивата во близина. Според нивните описи била висока околу 1,5 метри. Имала црно перје, темноцрвени очи и 15 сантиметри долг дебел клун[1];
    • На 7 јануари 1976 година во близина на градот Браунсвил во(Тексас) наводно е видена голема птица грабливка. Сведокот на овој настан опишал дека била висока околу 1,2 метри. Имала црно перје и долг клун[1];
    • На 24 февруари 1976 година во близина на градот Сан Антонио во (Тексас) наводно е видено суштество кое наликува на птеросаурус од родот Птеранодон (латински јазик|Pteranodon). Распонот на крилјата на оваа суштество бил помеѓу 4,5 и 6 метари[1];
  • На 14 септември 1982 година во близина на градот Лос Фрезнос во (Тексас) наводно е видено суштество кое наликувало на птеросаурус. Распонот на крилјата на оваа суштество бил помеѓу 1,52 и 1,82 метари[1]. Оваа суштество наводно нападнало еден човек.

Можни објаснувања за овој криптид[уреди | уреди извор]

Постојат неколку можни објаснувања за овој криптид. Што се однесува на видувањата на „голема птица” можните објаснувања се:

  • американски суп (Cathartes aura) - вид на птица грабливка која ја насселува Северна Америка[1],
  • американски црн суп (Coragyps atratus) - вид на птица грабливка која ја населува Северна Америка[1],
  • калифорниски кондор (Gymnogyps californianus) - вид на птица грабливка која ја населува Северна Америка[1] (која е најголемиот вид на птица од подрачјето на Северна Америка),
  • канадски сивопепелав орел (Aquila chrysaetos canadensis) - подвид на Сивопепелав орел кој ја населува Северна Америка[1],
  • обичен црн сокол (Buteogallus anthracinus) - вид на птица грабливка која ја населува Северна Америка[1],
  • аудубонова каракара (Caracara cheriway) - вид на птица грабливка која ги населува јужните делови на САД[1],
  • голема сина чапја (Ardea herodias) - вид на мочуришна птица која ја населува Северна Америка[1],
  • канадски ждрал (Antigone canadensis) - вид на мочуришна птица која ја населува Северна Америка[1],
  • американски ждрал (Grus americana) - вид на мочуришна птица која ја населува Северна Америка[1],
  • и американски бел пеликан (Pelecanus erythrorhynchos) - вид на птица која ја населува Северна Америка[1].

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Eberhart, George M. (2002.). MYSTERIOUS CREATURES A Guide to Cryptozoology. ISBN 1-57607-283-5. 

Наводи[уреди | уреди извор]