Гамбија (река)
Гамбија | |
River | |
Реката Гамбија во националниот парк Ниоколо-Коба
| |
Земја | Гвинеја, Сенегал, Гамбија |
---|---|
Извор | Фута Џалон |
Утока | Атлантски Океан |
- местоположба | Банџул |
- координати | 13°28′N 16°34′W / 13.467° СГШ; 16.567° ЗГД |
Должина | 1.120[1] км |
Мапа на реката Гамбија
|
Гамбија (порано позната како реката Гамбра) — голема река во Западна Африка што се протега на 1.120 километри (700 mi) од платото Фута Џалон во северниот дел на Гвинеја која на запад тече низ Сенегал и Гамбија и се влева во Атлантскиот Океан во градот Банџул. Пловноста на реката е овозможена на половина од нејзината должина.
Реката е силно поврзана со Гамбија, најмалата држава на копното на Африка, која се состои од малку повеќе од половина на реката низводно заедно со нејзините две притоки.
Од Фута Џалон, реката тече во северозападниот регион Тамбакунда во Сенегал, каде што тече низ пационалниот парк Ниоколо-Коба, каде што потоа се приклучуваат двете притоки и Ниери Ко и Кулунти пред да навлезе во Гамбија кај селото Фатото. Потоа реката тече генерално на запад, но со меандричен ток каде што се создаваат голем број крајречни езера, и на околу 100 километри од своето устие постепено се проширува, повеќе од 10 километри, на точката каде што се влева во океанот.
Во близина на устието на реката, во близина на селото Џуфуре, се наоѓа островот Кунта Кинте, место кое се користело за трговија на робови кое моментално е под заштита на УНЕСКО.
Водната фауна во сливот на реката Гамбија е слична со онаа на сливот на реката Сенегал, и двете реки обично се вметнуваат под еден екорегион познат како Сенегал-Гамбија. Иако богатството на видови е средно високо, само три видови жаби и еден вид риба се ендемски за овој екорегион.[2]
Остригите се берат од реката Гамбија од страна на жените и да се користат со цел да се приготви чорба од остриги, традиционално јадење во Гамбија.
-
Мапа на реката Гамбра (сега Гамбија) 1732
-
Западниот дел на реката Гамбија снимен од вселената. Линијата ја означува границата на државата ГамбијаThe line shows the border of the country the Gambia.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gambia River“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 30 October 2016.
- ↑ „509: Senegal – Gambia“. Freshwater Ecoregions of the World. Архивирано од изворникот на 2016-10-30. Посетено на 30 October 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Гамбија (река) на Ризницата ?
- Слики и информации за реката Гамбија
|