Фута Џалон
Фута Џалон е планински масив во северозападниот дел на Гвинеја, кој ги формира Северногвинејските висорамнини. Масивот бил создаден од палеозојски гранити, кои се покриени со палеозојски песочници. Највисокиот врв е Мон Лура и е 1.538 метри. Планината е богата со бројни кањони, а има и извори на големи африкански реки како Сенегал , Гамбија и Нигер .
Областа на Фута Џалон е населена од населението на луѓето Фулана, кои го признаваат исламот. Најголем град на ова подрачје е Лабе, со околу 60.000 жители, а помали градови се Маму и Дабол. Од седумнаесеттиот до XIX век, овие простори влегле во рамките на Кралството Фута Џалон, кое го уништиле Французите во 1896 година.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Литература[уреди | уреди извор]
- Вујадиновиќ, С. (2009): Регионална географија на Африка , Географија, Белград
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Фута Џалон“ на Ризницата ? |
Координати: 11°19′03″N 12°17′23″W / 11.31750° СГШ; 12.28972° ЗГД