Сенегал (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Реката Сенегал, во регионот Кајес (Мали), во близина на селото Сонинке Драмане

Реката Сенегал во Западна Африка тече низ државите Гвинеја, Мали, Сенегал и Мавританија. Долга е околу 1 700км, со површина на сливот од околу 440 000 км2.

Таа е претежно рамничарска река. На утоката од Атланскиот Океан прави голема делта. Поради летниот сушен и зимскиот влажен период има големо колебање на водостојот: од 5m³/сек во мај и од 2 000 до 5 000m³/сек во август и септември. Во влажниот период реката Сенегал е пловна во должина од околу 700км.