Галина Лозко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Галина Сергејевна Лозко

Галина Сергејевна Лозко (Галина Сергіївна Лозко); родена 3 февруари 1952, во местото Елањец, Николајевска област) е украински етнолог, теоретичар на религијата и филозоф, основач на здружението „Здружение на Родноверци на Украина“ („Об'єднання Рідновірів України“) (постои од 1993 година; државна регистрација на 24 мај 2001).

Образование[уреди | уреди извор]

  • 1969 — Киевско средно училиште № 140.
  • 1977 — Филолошки факултет на универзитетот во Киев [1] (Київський національний університет імені Тараса Шевченка) насока филологија, предавач на украински јазик и книжевност.
  • 1996 — кандидат за филозофски науки - одбрана на дисертацијата на оделението за теорија на религијата [2]; тема на дисертацијата: „Украинскиот паганизам како извор на домашен религиозен синкретизам“.
  • 2007 — доктор на филозофски науки - одбрана на дисертацијата на катедри за теорија на религијата на Филозофскиот факултет, универзитет во Киев; тема на докторската дисертација: „Актуализацијата на украјинската етничка религија во европски контекст“(„Актуалізація української етнорелігії в европейському контексті“).

Научен степен: професор.

Моментално вработена : професор на Хуманистички институт при Универзитетот во Киев[3][4].

Научни достигнувања:

  • прва го разработила концептот на "ренесансните етнички религии";
  • врз основа на фолклорно-етнографските и астрономските податоци, се реконструира паганскиот календар "Кругот на ";
  • составила именик со праисториско словенечки имиња со повеќе од две и пол илјади имиња;
  • истражувач и преведувач на „Велесова книга“.

Членство во сојузи на писатели и книжевници: писателка, член на Националниот сојуз на писатели на Украина [5] од 2003 година; публицистика со повеќе од стотина објавени статии во списанија и научни зборници.

Научни и публицистички дела[уреди | уреди извор]

  • Лозко Г. Українське язичництво., Київ, Український центр духовної культури, 1994.
  • Лозко Г. Волховник., Київ, Український центр духовної культури, 1994.
  • Лозко Г. Правослов. Молитви до Рідних Богів, Київ, НКТ «Світовид», 1995.
  • Лозко Г. Українське народознавство., Київ, Зодіак-ЕКО, 1995.; друго допуњено издање: Київ, АртЕК, 2004.; треће издање: Харків, 2005.
  • Лозко Г. С. Волховник. Правослов.- Серія: „Пам’ятки релігійної думки України-Русі“, Київ, „Сварог“, 2001.
  • Lozko H. Rodzima Wiara Ukrainska (превод на пољски Антон Вацика (Антоні Вацика), Вроцлав, „Топожел“ (Польща), 1997.
  • Лозко Г. Іменослов: імена слов`янські, історичні та міфологічні, Київ, Редакція часопису „Сварог“, 1998.
  • Лозко Г. Етнологія України. Філософсько-теоретичний та етнорелігієзнавчий аспект., Київ, АртЕК, 2002.
  • Лозко Г. Велесова Книга — волховник (превод, истраживање, оригинални текст и речник са око 8500 речи), Київ, „Такі справи“, 2002.; друго издање: Вінниця, „Континент-Прим“, 2004.; трећє издање 2006., четврто издање 2007.
  • Лозко Г. Коло Свароже. Відроджені традиції - Український письменник, Київ, 2004.
  • Лозко Г. С. Пробуджена Енея. Європейський етнорелігійний ренесанс, Див, Харків, 2006., ISBN 966-8504-20-8
  • Коло Свароже - сет празничних честитки са тематиком словенског родноверја. Научна реконструкција Галина Лозко; сликари: Виктор Крижанивски, Петро Качалаба, Елена Гајдамака, Київ: „Такі справи“, 2006.
  • Лозко Г. С. Рідна читанка. Для середнього шкільного віку - Вінниця, Континент-Прим, 2007.
  • више од стотину чланака у часописима и научним зборницима

Учество во научни, академски и енциклопедиски изданија[уреди | уреди извор]

  • Речник на религиски поими (Релігієзнавчий словник), Киев, 1996, ISBN 966-529-005-3
  • Мала енциклопедија за националното владеење на државата (Мала енциклопедія етнодержавознавства), Киев, 1996, ISBN 966-507-016-9
  • Историја за религијата во Украина во десет тома (Історія релігій в Україні в 10-ти томах), Киев, Украински центар за духовна култура(Український центр духовної культури), 19962004; ISBN 966-7276-36-8
  • Академска теорија за религијата (Академічне релігієзнавство), Киев, 2000 и др., ISBN 966-7742-06-7

Сфера на интерес и главни достигнувања[уреди | уреди извор]

  • истражување за духовната култура на Словените (следбеник проф. Владимир Шајан) (Володимир Шаян).
  • главни теми на креативноста - повраток на Словените на својата етничка религија, оживување на старите народни и верски традиции, ритуали, обичаи, морални и етички вредности.
  • основач на верската заедница „Здружение на родноверните во Украина“ [6]
  • од 1995 година до денас е издавач и главен уредник на научното списание „Сварог“ [7] кое се занимава со историски и религиски теми
  • по повод десетогодишнината на независноста на Украина доделена ѝ е наградата: „Орден Светослав I Киевски“ за успех во обновување на татковината
  • учешни бројни радио и телевизиски емисии.
  • основач и ректор на „Украинската духовна академија родноверн“ [8] (Українська Духовна Академія Рідновірів) (академија официјално регистрирана во 2002 година).
  • телевизиски филм за активностите на Галина Лозко „Островот на заборавените богови“(„Острів забутих Богів“) Филмот е повеќепати емитуван на украинската телевизија „Нов канал“, режисер е Ана Гомонај, 2003 година.

Идни планови[уреди | уреди извор]

Изградба на храм на словенечките божества.

Наводи[уреди | уреди извор]