Воена академија (4 сезона)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воена академија
Серија Воена академија
Држава Србија Србија
Мрежа РТС
Премиерно прикажување 29 септември31 декември 2018 година
Број на епизоди 14
Претходна сезона 3
Следна сезона

Четвртата сезона на телевизиската серија Воена академија била премиерно прикажана на РТС од 29 септември до 31 декември 2018 година.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Се дознава во кои гранки на армијата се распоредени новите кадети, а доаѓаат и некои нови воени лица.

Улоги[уреди | уреди извор]

Главни[уреди | уреди извор]

Епизодни[уреди | уреди извор]

Епизоди[уреди | уреди извор]

Бр. на еп.

(вкупно)

Бр. на еп.

(во сезона)

Наслов Режисер Сценарист Премиера
39 1 Епизода 4.1 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

29 септември 2018 год.
Кадетите се распоредуваат по родови на војската, а најлесното го добиваат Анѓела и Груја кои за заповедник го добиваат Џаковиќ. Буги го праќаат во речна морнарица каде заповедник е капетанот Здравко Бркиќ. Маша има потешкотии со трчањето бидејќи неколку пати паѓала на вежби кај Зимче. Стошиќ го испраќа Ика во специјалци каде Ика добива задача да истовари полн камион муниција, што ја завршува со тешки маки. Стошиќ ја задолжува Цеца да го опере цел спрат на нејзиниот нов род во војската, а таа таму на сретнува Наџа која го жали денот кога ја послушала да остане во војска. Генерал Зековиќ најавува доаѓање на многу строгиот мајор Марковиќ кој ќе ги обучува кадетите. На Буразер и пристигнува нова готвачка бидејќи Шеки и Жарач се прекомандирануи во Нови Сад. Ноќта, Груја ги одведува Буги и Ика во кафеана којашто се наоѓа преку патот од касарната каде пее убавата пејачка Рија, но оттаму ги брка Бркиќ кој не го очекувале.
40 2 Епизода 4.2 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

6 октомври 2018 год.
Стошиќ ја нодси Маша поради повредата на зглобот кај докторката Александра која ја затекнува во расправија со нејзиното момче Огнен. Џаковиќ разговара со Надица која е загрижена бидејќи Десимир ја храни нивната ќерка Анѓелија со месом што Џале го поддржува. Зековиќ ја носи на Паниќ сликата на која се Паниќ и неговата поранешна девојка која е воедно и поранешна девојка на Зековиќ. Строгиот мајор Марковиќ доаѓа на академиата и веднаш и дава задача на Наџа. На патот кон полигонот, Буги ја сретува Рија како се сонча. Долаѓа мајката на Маша во посета и успева да ја избламира кај Кашанин. Во месарницата „Чварак", Груја и Морача ја запознаваат убавата Мара, а нејзе Груја веднаш и запаѓа во очи и му го дава својот фејсбук профил. Кај Бркиќ настанува вистинска збрка кога Гвозден му соопштува дека го изгубиле Буги.
41 3 Епизода 4.3 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

13 октомври 2018 год
Клисура и Виолета ја најавуваат својата свадба на Милијарда, а таа чудно реагира. За време на трчањето, водот на Бркиќ поминува покрај куќата на Рија па таа му мавта на Буги што Бркиќ го дочекува на нож. Цеца го упатува Паниќ кај Анѓела, а таа му открива чија е ќерка. Водот на Џаковиќ го запознава својот нов надреден, потполковикот Данило Јеж. За време на состанокот со Џаковиќ, Зимче и Стошиќ, Кашанин го прима повикот и открива дека глумецот поворно се вратил на снимање и дека тој на негово незадолство ќе му биде стручен соработник. Десимир го моли Џаковиќ да му позајми воени уред за пронаоѓање на подземни води со што Џаковиќ одбива. На вежбите, водот на Зимче го запознава својот нов професор, мајорот Жељко Тремошљика.
42 4 Епизода 4.4 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

20 октомври 2018 год.
Познатиот глумец продолжува со снимањето на академијата. Мајорот Марковиќ држи час по самоодбрана, но почнува малку да претерува со предавањата и многу да се соживува поради што на Анѓела замалку ќе и ја скршеше раката, но полковникот Паниќ наидува и го смитрува. Груја започнува да се допишува со Мара преку фејсбук. Десимир го води Богољуб (таткото на Зимче) на „задача за позајмување на уредот за пронаоѓање на подземни води", но ги фаќааѕт и покренуваат истрага која се преносува и на Зимче и Џаковиќ бидејќи се сомнева на нивната вмешаност во овој настан.
43 5 Епизода 4.5 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

27 октомври 2018 год
Потполковникот Јеж одржува предавање пред групата на Груја за работа со тенк, а подоцна му замери на Џаковиќ што донел кошници со пчели во близина на полето за вежбање. Синот на Рија оди на риболов, но паѓа од чамецот во водата. За среќа, во тој момент во близина се капетанот на корветата Бркиќ и неговата група, па Буги ја покажува својата херојска страна спасувајќи го нејзиниот син. На забавата што ја добиваат како одмор другарот на Буги од групата Гвозден ги запознава другите, но кога ќе ги запознае се создаваат искри меѓу него, Груја, Ика и Анѓела, па тој заминува. Цеца излегува на сцената и отпева една од песните на Зана, поради што Груја е принуден да му каже на Буги да ги реши работите со Цеца и да не и дава лажна надеж. Десимир и Богољуб се пуштени од притвор. Доаѓа Шаша кај Надица и и кажува дека раскинала со Ненад и дека изгледа се уште го сака Мирко. Свои маки има и Надица - нејзината и ќерката на Џаковиќ Анѓелија јаде само суво месо. Милијарда е загрижена за врската на Мирко со Виолета. Пред да заспие, Груја на фејсбук и бара на Мара слика од неа, а тоа што му го испратила го изненадило.
44 6 Епизода 4.6 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

3 ноември 2018 год.
Поради неговото одбивање да ја изврши наредбата, Ика е испратен во затвор, но таму одбива да јаде, поради што Стошиќ доаѓа да го предупреди и да му се закани дека ќе му ја продолжи казната. Груја ја наоѓа Наџа како плаче, а таа му кажува дека се заљубила во мајорот Марковиќ, но дека тој има сопруга новинарка. Кога тој и се јавува на мобилниот телефон, Александра му се развикува не знаејќи дека и се јавил Стошиќ. Додека оди по месо за војската, Буги ги посетува Рија и нејзиниот син, а ја носи Груја Мара во оставата, каде што го започнуваат своето прво водење љубов, но ги прекинува доаѓањето на нејзиниот татко. На враќање кон касарната доаѓа до мало недоразбирање меѓу Груја и потполковникот Јеж, бидејќи Груја останал само во боксерите во џипот затоа што и ја дал униформата на Буразер да му ја сошие. Подоцна, друштвото оди во тајна посета на Ика преку Гвозден, при што тој и Анѓела си признаваат што чувствуваат. Шаша се запишува на часови по танц кај Мирко и Виолета за да го спроведе својот план да си го врати Мирко. Глумецот му кажува на режисерот дека се заљубил во Зимче.
45 7 Епизода 4.7 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

10 ноември 2018 год
Ика е одведен на задача од притвор. Во текот на возењето Анѓела го замолува Џаковиќ да ги сменат местата, но Стошиќ му забранува, а глумецот и се додворува на Зимче, што таа не го дозволува тоа пред кадетите. Груја и Гвозден се борат со рацете да видат кој е посилен и Груја победува. Стошиќ се сретнува со Александра на рингишпил и таму пукаат во целта, а потоа се раѓа врска меѓу нив. Шаша почнува полека да ги учи чекорите, но ѝ се жали на Надица дека не може, на што таа одговара дека мора да биде упорна. Наџа ја наоѓа Цеца додека ја чита Кама Сутра и Цеца и кажува дека со Буги ќе ја изгуби невиноста и дека смислила како да го заведе. Таткото на Ика доаѓа на гости и му кажува дека неговите поранешни пријатели ги уценуваат и бараат пари, а Ика ветува дека ќе го реши. Десимир и Богољуб одат да купат куче трагач од селанецот Ратомир, но по жестока расправија бегаат, без разлика што тој ги пушта кучињата врз нив, а потоа доживуваат нов судир кога ќе влезат во конфликт со селанка која поради нив нив носи соседи со пушки. Мара доаѓа во касарната и ја моли Маша да го донесе Груја. Кога доаѓа Груја му кажува дека е бремена.
46 8 Епизода 4.8 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

17 ноември 2018 год.
Мајорот Марковиќ ги носи кадетите со глумецот и им дава задача да стигнат до полигонот со помош на мапа, но за време на движењето глумецот се губи и налетува на Ратомир кој ја напаѓа Мара, па го застрелува во нога и наоѓа помош од Стошиќ, Џаковиќ и Зимче. Во меѓувреме непознати и маскирани ги фаќаат Цеца, Маша и Гвозден, а останатите тргнуваат да ги ослободат, при што Анѓела влегува во борба со еден од овие лица и ги совладува, при што тој ја вади маската и и открива дека е мајорот Марковиќ и дека се е вежба.
47 9 Епизода 4.9 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

24 ноември 2018 год.
Глумецот е примен на шиење. Откако го послуша советот на Наџа како да се подготви за губење на невиноста со Буги, Цеца прави како што таа кажува, но не еднаш туку неколку пати, поради што пијана заспива во креветот на Буги. Кадетите добиваат бесплатен викенд, па секој си оди по својот пат - Буги кај Рија, каде таа открива дека заминува за Германија, по што ја остава и ја прифаќа поканата на Цеца кај нејзините, Маша со Гвозден прво кај неговите, а потоа во ресторан, Груја со своите во Белград ја зема Мара со себе бидејќи му беше жал за нејзината состојба, а Анѓела со Паниќ кај мајка и. На Ика му се јавува татко му и му кажува дека го тепале, но и дека не им дал пари и дека мајка му е видно потресена. На паркингот Огнен ја убедува Александра да оди со него во Белград, а кога таа го одбива, тој ја удрира, поради што Стошиќ излетува од дворот и го претепува. Глогиња и признава на Буразер дека немала врска десет години.
48 10 Епизода 4.10 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

1 декември 2018 г.
Цеца го носи Буги во семејството, а таму дознава за претходниот живот на Цеца и какво е нејзиното семејство. Подоцна оди во кафеаната на Рија, а оттаму кај нејзе каде водат љубов. Ика го посетува својата поранешна екипа и успева да ги натера да го остават неговото семејство на мира, но подоцна тој е уапсен од полицијата и пуштен на поттик на Стошиќ. Анѓела и Паниќ одат кај неа дома, но таму од баба и откриваат дека мајка ѝ повеќе не живее таму и дека отишла со пробисвет и го сменила телефонскиот број. Исто така, тие ја откриваат вистината за нејзиниот татко која целосно ја крши. За време на престојот во кафаената, на Шаша налетува момче, но Мирко успева да го претепа и да го избрка. Гледајќи ја сцената помеѓу Мирко и Шаша по тепачката, Виолета заминува, а Мирко решава да ја запроси Шаша. Кога таа се согласува, Мирко оди кај Милијарда да и ја каже радосната вест. На пат кон Белград автобусот во кој се Груја и Мара е во гужва поради несреќа пред нив. Патниците излегле, при што на Мара и се слошува.
49 11 Епизода 4.11 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

8 декември 2018 год
Груја ја носи онесвестената Мара во болница каде се откриева дека абортирала. Маша и Гвозден одат кај неговиот татко Зорко, стар мотоциклист кој некогаш припаѓал на познатата 63-та падобранска бригада. Двајцата кадети се повеќе се зближуваат. Кога конечно се заедно дома, Надица и Џаковиќ се опуштаат, па тој предложува да работат на друго дете, но ѕвончето ги спречува. Овој пат не е Десимир туку загрижената мајка на Џаковиќ. Буги се буди во креветот на Риа по љубовната ноќ и е тажен поради нејзиното заминување. Напуштајќи ја, на брегот го здогледува капетанот на корветата Бркиќ, кој целосно ја разбрал ситуацијата. Доаѓа до конфликт меѓу полковникот Паниќ и мајорот Марковиќ. Паниќ како негов претпоставен му наредува повеќе да не ги малтретира кадетите, а во разговорот е откриено дека двајцата биле на Косово во моментот на НАТО агресијата. Глумецот завршува со снимањето на филмот, па доаѓа во канцеларијата на Зимче да се поздрави со неа и во таа прилика се однесува толку театрално што ја насмеал до солзи. На железничката станица Рија и нејзиниот мал син Милош чекаат да се качат во возот за Германија, но се изненадени од неочекуваното појавување на Буги. Следниот ден се одржува состанок на високо ниво. Непосредно пред почетокот на вежбата, кадетите добиваат коверти со непосредни упатства и поделба на задачите. Ика е назначен за „командант на баталјон“ како дел од вежбата.
50 12 Епизода 4.12 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

15 декември 2018 год.
Главната вежба започна. Пред оскудната „битка“, Џаковиќ им одржува податлив говор на кадетите, воодушевено читајќи ги познатите зборови на хероите од Цер. Паниќ и Марковиќ сега и официјално се на спротивни страни. Паник е главниот стратег на „сините“ на кои им припаѓаат кадетите под команда на Ика, додека Марковиќ ги предводи „црвените“ кои ја „играат“ непријателската војска во нападот. Како што одминува симулираниот конфликт меѓу двете страни, се чини дека „црвените“ на Марковиќ се во опасна предност. Паниќ молчи на забелешките на Марковиќ дека направил школски пример за стратешка грешка. Во вежбата учествуваат сите гранки на војската. Тенкот на Груја се расипува во важен момент, па неговите луѓе се обидуваат да го поправат. Одбраната на „сините“ се сведува на една куќа. Многумина се заробени. Ќе успеат ли да ја свртат ситуацијата во своја полза? Кој ќе слави на крајот - Паниќ или Марковиќ? Кој кому ќе му честита за добрата проценка на ударот?
51 13 Епизода 4.13 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

22 декември 2018 год
По вежбата сите се враќаат на редовна работа на Воена академија. Началникот Зековиќ ги повикува на извештај Стошиќ, Зимче, Кашанин, Бркиќ, Јеж и Џаковиќ и бара да се покрене кривична постапка за некои непослушни кадети, но сите ќе ги вратаат со познатите 4 „C“ во форма на истите писмени извештаи. Цеца и кажува на Наџа дека решила да го заборави Буги, а Наџа и објаснува како да го освои. Саша и открива на Зимче дека се мажи за Клисура и бара од Надица да и биде кума, што Надица со воодушевување прифаќа. Клисура подоцна го зема Џаковиќ за кум. Калиопе и носи на Милијарда „венчаница“ за Шаша, но Шаша одбив да ја носи. Зимче добива задача да организира сè околу свадбата, поради што ја ангажира Буразер да направи торта, а поради маката околу неа и помогнала Глогиња да ја направи. Маша го убедува Гвозден да оди на свадба со неа, но тој се обидува да ѝ даде до знаење дека му се допаѓа, но се завршува малку поинаку.
52 14 Епизода 4.14 Дејан Зечевиќ По приказната: Горан Михиќ и Бобан Јевтиќ

Сценарио: Зорица Цвијетиќ

31 декември 2018 год.
Клисура го сонува својот покоен татко кој му дава совети за брак. Свадбата на Шаша и Клисура носи многу разрешувања - Глогиња се обидува да го заведе Кашанин, но не успева, Груја преку мобилен телефон и искажува љубов на Мара со трубачи, Маша и Гвозден си признаваат што чувствуваат, Буги успева да ја заборави Рија, а Паниќ му открива на Зековиќ чија всушност ќерка е Анѓела.

Забелешка[уреди | уреди извор]

  • За време на досегашното емитување на серијата, името на самата епизода не било наведено на почетокот на секоја епизода.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]