Витус Беринг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Витус Беринг
реконструкција на неговиот изглед
Роден5 август 1681
Хорсенс, Данска
Починал19 декември 1741(1741-12-19) (aged 60)
Берингов Остров, Руско Царство
Држава Руско Царство
Род Воена морнарица на Руско Царство
Служба1704–1741
Сопружник/циАна Беринг

Витус Јонасен Беринг (дански: Vitus Jonassen Bering, руски: Иван Иванович Беринг; 5 август 1681 - 19 декември 1741) — дански картограф и истражувач во руска служба, и службеник во руската морнарица. Бил познат како водач на две руски експедиции, имено Прва камчатска експедиција и Голема експедиција, истражување на североисточниот брег на азискиот континент, а од таму на западниот брег на континентот Северна Америка. Беринговиот Проток, Беринговото Море, Беринговиот Остров, Беринговиот Ледник и Беринговиот копнен мост — сите именувани во негова чест.

Почнувајќи на возраст од 18 години, Беринг интензивно патувал, и во текот на следните осум години, и предавал воена обука во Амстердам. Во 1704 година, тој се запишал во руската морнарица на царот Петар Велики. Со морнарицата учествувал во текот на Големата северна војна, а во 1724 година, Беринг поднел оставка. Подоцна истата година, тој повторно се придружил на руската морнарица.

Тој бил избран од страна на царот за капетан на Првата камчатска експедиција, со цел да се плови на север од руските позиции на полуостровот Камчатка, и да се утврди дали Азија и Америка се поврзани по земја. Беринг заминал од Санкт Петербург во февруари 1725 како шеф на 34 члената експедиција.За првата експедиција, Беринг бил награден со пари, престиж и промоција на благородниот чин „Капетан командант“. Тој веднаш почнал со подготовки за второто патување.

На 19 декември 1741 Витус Беринг починал на островот, на кој му било дадено името Беринговиот Остров, наводно од болест, заедно со 28 членови од неговиот екипаж.

Животопис[уреди | уреди извор]

Витус Беринг е роден во пристанишниот град Хорсенс во Данска, на 5 август 1681.[1] Тој бил именуван по дедото, Педерсен Витус Беринг, кој бил хроничар на кралскиот двор. На 15 години се пријавил како помошник на брод.[1] Помеѓу 1696 и 1704 година, Беринг патувал по морињата, до Индија и холандска Источна Индија, а нашол време да заврши поморска обука на офицери во Амстердам. Во 1704 година, Беринг станал регрут на руската морнарица, со ранг подпоручник.

На 8 октомври 1713 година, Беринг се оженил со Ана Кристина Пулсе. Во текот на следните 18 години, тие имале 9 деца, од кои 4 го преживеале детството.[2]

Прва експедиција на Камчатка[уреди | уреди извор]

Во пролетта 1726 година, патувајќи долж реката Лена, стигнале до Јакутск во првата половина на јуни. Патувањата биле тешки, луѓето и коњите умирале. На 6 јануари 1727 година, Шангарберг и двајца други мажи стигнале до Охотск, а десет дена подоцна им се придружија шеесет други, иако многумина беа болни. Луѓето испратени од Беринг по должината на патеката од Охотск спасија седум мажи и голем дел од товарот. Жителите на Охотск ја доживеале најлошата зимата, посебно што Беринг им запленил брашно, по што целото село наскоро се соочило со закана од глад.

Чириков набргу потоа пристигнал во Охотск, со снабдување со храна. Тој имал релативно лесно патување, не изгубил ниту еден од неговите луѓе, туку само 17 од 140 коњи со кои тргнал. Пловејќи на север, Беринг влегол за првпат во проток што подоцна ќе го носи неговото име [3]

Втора експедиција[уреди | уреди извор]

Советска поштенска марка од 1966 година на која е прикажано второто патување на Беринг
Експедицијата на Витус Беринг уништена на алеутичките острови во 1741 година.
Гробот на Витус

Беринг наскоро предложил втора експедиција на Камчатка, многу поамбициозна од првата и со експлицитна цел да отпатува на исток во потрага по Северна Америка. Меѓутоа, политичката ситуација во Руската Империја била тешка, а тоа значело одложување. Во меѓувреме, Беринг уживал во новиот статус и богатство: имал нова куќа и нов социјален круг.

Во 1732 година, Беринг сè уште бил во фаза на планирање во Москва. На 12 јуни Сенатот ги одобрил средствата за финансирање на експедицијата. Беринг бил претпазлив на предложената големина на целата експедиција, со оглед на недостигот од храна доживеан на првото патување.[4] Експедицијата го забележала вулканот Монт Сент Елиас на 16 јули 1741, каде што кратко застанале.

На 19 декември 1741 година, Витус Беринг починал на ненаселениот остров во близина на полуостровот Камчатка, кој подоцна го добил името Беринговиот Остров во неговата чест. Смртта на Беринг се претпоставува дека е резултат на скорбут. Ситуацијата била ужасна за екипажот, сега предводен од Вексел, бидејќи многумина од нив, вклучувајќи го и Вексел, биле болни. Тие одлучиле да изградат нов брод од остатоците на бродот за да се вратат дома.

Проценувањето напостигнувањата на Беринг е тешко, со оглед на тоа што тој не бил ниту првиот човек што стигнал до Северна Америка, ниту првиот кој поминал низ протокот што сега го носи неговото име. Извештаите од неговото второ патување биле љубоморно чувани од руската администрација, спречувајќи да се прераскажуваат постигнувањата на Беринг најмалку еден век по неговата смрт. Сепак, постигнувањата на Беринг, и како поединечен истражувач и како водач на втората експедиција, се сметаат за значителни. Како резултат на тоа, името на Беринг оттогаш се користело за Беринговиот Проток (именуван од капетанот Џејмс Кук, иако знаел за претходната експедиција на Дежњов), Беринговото Море, Беринговиот Остров, и Беринговиот мост.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Фрост 2003
  2. . Фрост 2003
  3. . Фрост 2003
  4. . Фрост 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]