Мелнички манастир
Воздушен поглед на главната манастирска црква „Св. Илија“ | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Манастир „Св. Илија“ - Мелница |
| Други имиња | Витолишки манастир |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 1870 |
| Посветен на | Свети Илија |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | „Св. Илија“ |
| Личности | |
| Основач (и) | Стале Чешелков |
| Место | |
| Место | историско село Мелница, Општина Прилеп, |
| Координати | 41°09′49″N 21°46′51″E / 41.16361°N 21.78083°E |
| Видливи остатоци | 1 црква, конаци, трпезарија, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Прилепечко-витолишка парохија) |
Мелнички манастир (понекогаш нарекуван Витолишки манастир) — манастир во непосредна близина на некогашното село Мелница.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот е сместен покрај реката Бутурица, веднаш на регионалниот пат 1107 кој води до селото Витолиште, веднаш над одвојувањето за селата Полчиште и Бешиште.
Историја
[уреди | уреди извор]
Манастирот започнал да се гради во 1870 година под водство на Стале Чешелков, но и со помош на целокупното мариовско население. Главната манастирска црква „Св. Илија“ била завршена во 1872 година, а нејзиниот богат фрескоживопис бил завршен во 1881 година од страна на зографот Аврам Дичов, син на познатиот мајстор Дичо Зограф.[2] Според натпис пронајден во манастирската црква кој потекнува од 1872 година, манастирот бил изграден од мајсторот Пере Лауца со помош на православните христијани од околните села[3].
Во минатото во манастирот имало монаштво и во него живееле монаси. Имотната состојба на манастирот била добра за опстанокот на манастирската братија односно монашкото братство и луѓето коишто работеле на манастирските имоти. Манастирот поседувал ниви, ливади, шуми, како и голем број на добиток од кој имак булук овци, кози, говеда, пчели и друг вид жива стока.[3]
Градби во манастирот
[уреди | уреди извор]Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конакот, трпезаријата, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Илија“
[уреди | уреди извор]Темелите на црквата биле поставени во 1870 година на иницијатива на Стале Чешелков од селото Полчиште, која била планирана да биде главна манастирска црква на тогашниот Мелнички манастир (денес наречен и Витолишки манастир), која била помогната од целото мариовско население.[3]
Изградбата завршила по неполни две години од нејзиниот почеток и веднаш биле повикани прочуените мијачки зографи од селото Тресонче предводени од Аврам Дичов, син на познатиот и легендарен зограф од XIX век - Дичо Зограф.[3]
Како ктитор на манастирската црква, а подоцна прогласен и за доживотен игумен на самата црква, се јавува Стале Чешелков, кој бил главниот иницијатор за изградба на манастирската црква и самиот манастир во целост. На барање на месното население бил насликан на ѕидовите од манастирската црква, каде е претставен во природна големина (цел раст), со бела брада, патерица во десната рака и облечен во убава мариовска носија. Дедо Стале умрел во 1913 година на 115 годишна возраст.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Натписна плоча
- Помошен објект
- Лулашки во дворот
- Конакот
- Помошна конструкција
- Печка
- Трпезаријата
- Влезната порта
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Мицевска, Каролина. „Распукува фрескописот во „Св. Илија" во Мариово“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 21 август 2015.[мртва врска]
- 1 2 3 4 5 Ќорнаков, Димитар (2009). Македонски манастири. Матица Македонска. стр. 173-175.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Мелнички манастир“ на Ризницата ? |
- Манастир Св. Илија - Витолиште — Прилепечко-витолишка парохија
- Текст за манастирот и црквата Архивирано на 7 септември 2016 г.