Вилијам Бафин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Hendrick van der Borcht, Navigator with Globe and Dividers.jpg

Вилијам Бафин (англиски: William Baffin; 158423 јануари 1622) бил англиски морепловец и истражувач.

Рани пловидби[уреди | уреди извор]

Не се знае ништо за неговиот ран живот, но заклучено е дека бил роден во Лондон во сиромашно семејство. Постепено се воздигнувал со трудољубивоста. За првпат се спомнува во 1612 година, кога било главен пилот во експедицијата под водство на капетанот Џејмс Хол. Цел на експедицијата било да се најде северозападен премин. Капетанот Хол го убиле домородци на западниот брег на Гренланд. Следните две години Бафин работел на шпицбергенските китоловци, кои биле под контрола на московска компанија.

Откривање на Бафиновата земја и на Бафиновиот Залив[уреди | уреди извор]

Во 1615 година добил задача од Московската компанија да го бара северозападниот проток. Тој го прател капетанот Роберт Бајлот како кормилар на малиот брод Дискавери и внимателно го истражил Хадсоновиот проток. Точноста на астрономските и плимските набљудувања на Бафин ги потврдил Едвард Пари два века подоцна , кога тука поминувал во 1821 година.

Бафин повторно пловел во 1616 година како кормилар на Дискавери. Поминал низ Девисовиот проток и открил еден залив, кој потоа бил наречен по него, Бафинов Залив или Бафиново Море. Тогаш открил и неколку други протоци кои биле наречени: Ланкастеров проток, Џонсов проток и Смитов проток во чест на великодушните донатори на целиот потфат. На своите патувања патувал околу 480 киломатри северно од својот претходник Џон Девис. Цели 236 години никој не поминал на тоа море посеверно од него.

Пловидба кон Индија[уреди | уреди извор]

Со ова истражување, сите надежи за откривање на северозападниот премин паднале во вода. Бафин после тоа работел за Британска источноиндиска компанија, па патувал од 1617 - 1619 до Сурат во Индија. Кога се вратил, добил специјално признание од компанијата за добро оцртување на брегот на Црвеното Море и Персискиот Залив и за сите други информации кои ги дал за пловидбата во тие подрачја.

Повторно патувал во 1620 година на исток. За време на англиско-персискиот судир смртно бил ранет и умрел на 23 јануари 1622 година. Освен значајните географски откритија, Бафин е запомнат и по значајните и прецизни научни и магнетни набљудувања.

Бафиновата земја и Бафиновиот Залив го носат неговото име.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]