Вилем ван Алст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мртва природа со цвеќиња (1665)

Вилем ван Алст (холандски: Willem van Aelst) (~ 1626 - по 1683) — холандски сликар кој специјализирал во сликање на мртва природа со цвеќе и дивеч.

Роден е околу 1626 г. во Делфт, Холандија во семејство на познати градски управители. Научил да слика од чичко му, сликарот на мртва природа Еверт ван Алст. На 9 ноември 1643 ван Алст станува раководител на Лукиниот еснаф во Делфт.

Помеѓу 1645 и 1649 г. живеел во Франција. Во 1649 ван Алст заминува за Фиренца, каде работел како дворски сликар за великиот војвода на Тоскана, Фердинанд II де Медичи. Во ова време, великиот војвода исто така го вработил и двајца сонародници на ван Алст, Матијас Витос и Ото Марсеј ван Шрик, од кои вториот исто така сликал мртва природа и веројатно извршил влијание врз стилот на ван Алст.

Во 1656 г. Ван Елст се враќа во Холандија, најпрвин во Делфт, а потоа, во 1657 трајно се преселува во Амстердам. Таму станал еден од најважните сликари на мртва природа на својата генерација. Тој бил учител на сликарката Рахел Рејсх и неколку други уметници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]