Рахел Рејсх

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Рахел Рејсх од Годфрид Шлакен (1706)

Рахел Рејсх (холандски: Rachel Ruysch; 3 јуни 166412 август 1750) — холандска сликарка која специјализирала во сликање на мртва природа со цвеќе.

Родена е во Хаг, но на 3 годишна возраст се сели во Амстердам. Таму татко ѝ Фредерик Рејсх, славен анатом и ботаничар, бил назначен за професор. Во куќата направил огромна збирка на раритети. Му помагала на татко ѝ во украсувањето и приготвила примерок liquor balsamicum со цвеќиња и тантела. На 15 години Рејсх станала чирак на Вилем ван Алст, истакнат сликар од Делфт, познат за неговите слики на цвеќе.

Во 1693 се омажила за портретистот Јуријан Пол (1666-1745) и имале 10 деца.

Во 1701 г. Рејсх била примена во сликарскиот еснаф во Хаг. Неколку години подоцна била поканета во Диселдорф да биде дворски сликар на изборниот кнез на Курфалц, Јохан Вилхелм. Таму останала од 1708 г, па сѐ до смртта на кнезот во 1716 г. Тука биле поканети и Јан Веникс и Адриан ван дер Верф. Откако се вратила во Холандија, Рејсх продолжила да слика за важни клиенти.

Рејсх била и позната по деталните и реалистични отсликувања на кристални вазни. Живеела 85 години и според датираните дела може да се заклучи дека сликала од времето кга била млада девојка, па скоро до смртта. Денес познати се некаде околу стотина нејзини слики. Пoзадината на сликите e обично темна. Рејсх починала во Амстердам.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]