Википедија:Македонство
Македонство — проект на матичниот википедијанец на Споделено знаење за прибирање и документирање, дигитализација и обработка на содржините на делата кои сведочат за историскиот развој на македонското национално будење, македонската национална свест, посебност и самобитност и создавањето на современата нација.
На секоја статија во инфокутијата може да се најде и отвори за читање или симнување делото посветено на Македонија и македонскиот народ, а воедно во статијата може да се прочита за неговата содржина, значење, историски податоци како и извадоци на мисли во самото дело. На крајот на секоја статија се предлошката во која според години се содржат сите дела посветени на Македонија и Македонците.
Дела и теми
[уреди извор]Ова е список на статиите за делата, темите и личностите обработени во проектот.
| Бр. | Наслов | Автор | Дело | Состојба |
|---|---|---|---|---|
| 1. | Славјанско-маќедонска општа историја | Ѓорѓија Пулевски | нова создадена статија | |
| 2. | Материјали по изучувањето на Македонија | Ѓорче Петров | нова создадена статија | |
| 3. | Зошто ние Македонците сме одделна нација | Васил Ивановски | подобрена статија | |
| 4. | Македонското прашање - во минатото и сега | Васил Ивановски | нова создадена статија | |
| 5. | Раѓањето на Македонската нација | Драган Ташковски | нова создадена статија | |
| 6. | За Македонската нација | Драган Ташковски | нова создадена статија | |
| 7. | Народноста на македонските Словени | Карл Хрон | подобрена статија | |
| 8. | Македонски работи | Блаже Ристовски | нова создадена статија | |
| 9. | Социологија на македонската национална свест | Славко Милосавлевски | нова создадена статија | |
| 10. | Пресказание на Голем Александр | Атанас Македонец | нова создадена статија |