Прејди на содржината

Ветово

Координати: 43°42′14″N 26°15′52″E / 43.70398° СГШ; 26.264392° ИГД / 43.70398; 26.264392
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ветово
Ветово
град
Зградата на општината
Зградата на општината
Ветово is located in Бугарија
Ветово
Ветово
Местоположба на Ветово во Бугарија
Координати: 43°42′14″N 26°15′52″E / 43.70398° СГШ; 26.264392° ИГД / 43.70398; 26.264392
ЗемјаБугарија
ОбластРусе
ОпштинаВетово
Управа
 • ГрадоначалникМехмед Мехмед (ДПС)
Површина
 • Вкупна86,80 км2 (33,51 ми2)
Надм. вис.&10000000000000183000000183 м
Население (2022)
 • Вкупно4,540
 • Густина52/км2 (140/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код7080
Повик. бр.+359 08161
Мреж. местоvetovo.bg

Вѐтово (бугарски: Ветово, до 1945 г. Вѣтово) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Ветово во Русенската Област. Има население од околу 4.540 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ветово се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина. Градот се наоѓа на 37 километри југоисточно од регионалниот центар Русе и на 39 километри од Разград.

Историја

[уреди | уреди извор]

Населбата за првпат се споменува во османлиски извор од 1530 година како дел од Никополскиот санџак. По крајот на Кримската војна (18531856), во Ветово се населиле Кримски Татари. До ослободувањето на Бугарија во Ветово живееле многу мал број Бугари. Првата поголема група Бугари дошла во Ветово во 1880 година од селото Топчии, Разградско (вкупно 14 семејства). Потоа, во 1880-тите, дошле и други бугарски семејства од селата Нисово, Костанденец, Божичен, Осенец, Кривња, Иваново и Червен.

Се претпоставува дека првото училиште во Ветово било турското училиште, но од кога постоело не се знае. Првично, обуката се одвивала во џамиите, каде што имало посебни простории. Меѓу првите учители во турското училиште бил Сали Пехливанов. Од 1 јануари 1947 година, приватното турско основно училиште станало државно турско основно училиште „Наз’м Хикмет“. Во 1880 година во селото било основано првото бугарско училиште, кое било сместено во лична куќа. Првиот учител бил даскал Минчо, кој бил учител и кројач. Во 1884 година започнала изградбата на училишната зграда, а средствата биле обезбедени од донации. На 1 јануари 1960 година бугарското и турското училиште се обединиле во ОУ „Васил Левски“.

Џамијата, која се наоѓа во центарот на градот, била изградена околу 1667 година. Нејзиното минаре се урнало по земјотресот во 1977 година. Во 1903 година, со заеднички напори на сите етнички групи од Ветово, била подигната црквата „Св. Иван Рилски“. Во 1925 година, била изградена т.н „Татарска џамија“.

На 4 септември 1974 година селото Ветово било прогласено за град.[2]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Указ № 1942 от 17 септември 1974 г. Обн. ДВ. бр.74 от 24 септември 1974 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]