Весјегонск

Од Википедија — слободната енциклопедија

Весјегонск ( руски: Весьегонск) е град во европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на Весегонскиот реон сместен на крајниот југоисток на Тверската област.

Весјегонската железничка станица

Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 6 624 жители. Најсеверно е таа градска населба во Тверската област.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Весјегонск се наоѓа на северозападниот брег на вештачкото Рибинско езеро, на местото каде езерото е длабоко вовлечено во коритото на реката Молога. Градот лежи на надморска височина од 108 метри, на околу 253 km североисточно од административниот центар на областа, градот Твер и околу 300 km северно од главниот град Москва.

Историја[уреди | уреди извор]

Црква на Света Троица на фотографија настаната пред 1917 година.

Во 1564 година во пишани извори, населбата прв пат се споменува како Вјес Јогонскаја ( рус руски: Весь Ёгонская), иако има некои претпоставки дека селото е формирано многу порано, во 1447 година.

Во периодот од 16-ти до 19 век, селото било важен трговски центар, а трговците од други земји тука тргувале со сол, восок, хмељ, мед, риба, текстил и крзно .

Во 1776 година населбата добила статус на град и се наоѓа во границите на Тверката губернерија од 1796 година. Сегашниот градски грб датира од 1780 година.

По изградбата на Тихбинскиот воден пат во 1811 година со кои се поврзани Москва и Санкт Петербург, важноста на Весјегонск како трговски центар пораснал уште повеќе. Меѓутоа, бидејќи овој воден пат престанал да постои во втората половина на 19 век, така и важноста на самиот град опаднала. Во 1890 година населението паднало на само 2 800 жители.

Во раните дваесетти години на минатиот век, имало некои обиди да се оживее поранешниот воден трговски пат, но без значителен успех. Исто така, се планирало железнички да се поврзе градот со околните поголеми градови, но тој проект не бил реализиран. Во раните 40 - ти години на минатиот век, Рибинската акумулација била исполнета со вода, а големи области со земја биле поплавени, вклучително и целиот град Весјегонск. Само две градски улици останале надвор од водата, кои се наоѓале на нешто повисок дел од градот.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 7 328 жители, додека според проценките за 2014 година градот имал 6 624 жители.

Движење на бројот на жителите
1897 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
3 457 6 784 8 428 8 848 9 574 8 662 7 328 6 624

Поврзано[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]