Верхојански Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верхојански Планини
Верхоянский хребет
Поглед на јужните Верхојански Планини
Највисока точка
Врв Мус-Хаја
Надм. височина 2.959 м
Координати 67°00′00″ СГШ 129°00′00″ ИГД / 
Величина
Должина 1.100 км
Географија
Верхојански Планини се наоѓа во Русија
Местоположба на Верхојанските Планини во рамките на Русија
Земји  Русија
Дел Јакутија

Верхојански Планини (руски: Верхоянский хребет; јакутски: Үөһээ Дьааҥы сис хайата) — планински венец во источен Сибир кој се протега во должина од 1.000 км низ Јакутија. Образува голем лак од реките Лена и Алдан на запад до реката Јана на исток. Во јужниот дел достигнува висина од 2.480 м. На планините има наоѓалишта на јаглен, сребро, олово и цинк. Сместени се веднаш западно од границата меѓу Евроазиската и Северноамериканската Плоча.[1]

На ова подрачје се забележани најниските температури за населени места во светот и има длабоки снегови највеќето месеци во годината. За време на последниот леднички максимум, венецот имал пространи ледници, па оттука лете планините го имаат тој карактеристичен алпски изглед. Меѓу биомите на Верхојанските Планини се издвојува планинската тундра, каде се застапени разновидни мовови и лишаи.[2]

Планините настанеле со набирање и претставуваат антиклинала.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]