Алдан (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алдан

Карта на сливот на Алдан
Извор Становојски Планини
Утока Лена
Земји во сливот Русија
Должина 2.273 км
Прос. истек 5.060 м³/с
(кај устието)
Сливно подрачје 729.000 км²

Алдан е втора по големина река, која се влева во реката Лена во источен Сибир. Алдан е долга 2.273 км, а од тие, 1.600 км е пловна. Површината на сливот изнесува 729.000 км² Извира на северните падини на Становојските Планини, а во Лена се влева како нејзина десна притока 160 км низводно од градот Јакутск. Заледена е од крајот на октомври до мај. Пловна е од устието до пристаништето Томот.

Главни реки кои се влеваат во Алдан се Амга и Маја. Во подрачјето на горниот тек на Алдан, има богати наогалишта на магнетит и злато.