Бунд (Шангај)

Координати: 31°14′16.9″N 121°29′10.1″E / 31.238028° СГШ; 121.486139° ИГД / 31.238028; 121.486139 (The Bund)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Главните згради на Бунд.

Бунд (англо-урду поим што значи „каллив брег”)[1] или Ваитан (на упростен кинески:外滩; традиционален кинески:外灘; пинјин:wàitān; романизација на шангајски:nga3thae1, буквално - „надворешен раб“ или „плажа на странците“[2]булевар во градот Шангај во Кина кој изобилува со раскошни згради во европски стил и банки или колонијални компании од 1930-тите. Неговата местоположба е во рамките на поранешната меѓународна концесија во Шангај. Бунд се наоѓа во Пуси на исток од округот Хуангпу, на западниот брег на реката Хуангпу јужно од нејзиниот влив во реката Сужоу, спроти новиот финансиски округ Луџиазуи во округот Пудонг.

Зграда на Хонгконшката и шангајската банкарска корпорација (ХСБЦ) (лево), Зграда на Царината (во средината), Поранешната комуникациска банка (десно).

Историја[уреди | уреди извор]

Рускиот конзулат на северниот крај на Бунд.
Бунд и шеталиштето покрај реката Хуангпу.

Време на концесиите[уреди | уреди извор]

Пред Бундот на тоа место имало калливи брегови. Во XIX век, Опиумските војни и отворањето на пристаништето за западњаците го изнедриле Бундот, место каде странците пристигнувале со бродови. Шангајскиот Бунд вклучува десетина историски градби кои датираат од ерата на меѓународни концесии, конзулатите на Русија и Велика Британија и неколку палати, вклучувајќи го и хотелот „Мир“. На крајот на 1930-тите, поради Втората светска војна, многу војници (британски, американски, француски, италијански, јапонски итн.) биле стационирани во пристаништето, долж Бундот. До почетокот на 1940-тите, во него припаѓале деловните центри на повеќето, ако не и сите странски компании кои работеле во Кина, вклучувајќи ги и четирите големи банки во Република Кина. Активноста на пристаништето (фериботи, џунки, товарни бродови, итн.) тогаш била многу интензивна и преку Бундот поминувале многу стоки. За време на војната, Јапонците го зазеле градот и марширале по Бундот[3].

Кинескиот комунистички режим[уреди | уреди извор]

Кога комунистите дошле на власт во 1949 година, речиси сите финансиски институции ја напуштиле земјата додека хотелите и клубовите згаснале. Колонијалните статуи кои биле поставени на шеталиштето биле урнати. Извесен период седиштето на новата комунистичка влада било сместено таму. Патрик Кренли, соосновач на „Здружението Шангајска историска куќа“, забележува дека на Бундот „помеѓу 1950 и 1990 година, ниту една зграда не била изградена, но ниедна не била ни уништена“. Во 1991 година, општинскиот совет ја напуштил авенијата и се преселил на Народниот плоштад[3].

Отворање кон светот и туристичка преобразба[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1970-тите и на почетокот на 1980-тите, како дел од кинеската либерализација, повеќето згради во Бундот биле обновени за повторно да станат хотели, банки или финансиски институции. Било изградено ново шеталиште 10 метри над нивото на улицата. Истото нуди поглед на квартот Луџиазуи, каде што се нанижани бројни облакодери. Од 1990-тите, Бундот станал една од главните туристички знаменитости во Шангај. Во текот на 2000-тите, се отвориле луксузни бутици (Армани, Картие, Шанел и Ролекс), модерни барови и ресторани, а палатите биле купени од странски групации и обновени. За време на Светскиот саем во 2010 година, Бундот бил обновен и проширен, а последните преостанати фабрики и бродоградилишта биле[3] преместени подалеку. На 31 декември 2014 година, по повод прославата на новата година, нешто пред полноќ настанало човечко стампедо и предизвикало смрт на 36 лица на шеталиштето Бунд[4].

Географија[уреди | уреди извор]

Статуа на Чен Ји, првиот комунистички градоначалник на Шангај.

Бундот е долг 1,5 км и започнува на југ на патот Јан'ан (поранешна авенија Едвард VII) и завршува кај мостот Ваибаиду (поранешен Градинарски мост) преку реката Сужоу.

Бундот се простира долж патот Жонгшан, именуван во чест на Сун Јат-сен.

На патот Жонгшан има 52 згради во европски стил кои ја симболизираат колонијалната архитектура на Бундот.

Во близина на улицата Нанкин и туристичкиот тунел што ги поврзува двата брега на Хуангпу се наоѓа огромна бронзена статуа на Чен Ји, првиот комунистички градоначалник на градот.

На северниот крај на Бунд, во паркот Хуангпу се наоѓа споменикот на народните херои посветен на револуционерните маченици.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Хотелот Мир и Кинеската банка.
Шеталиштето Бунд со поглед на старата зграда на HSBC и царинарницата.
Згради на Кинеската трговска банка и Американското меѓународно осигурување.

Архитектонскиот стил на 52-те згради на Бундот се движи од романескна, готска, ренесансна, барокна, неокласична, бозар и на крајот ар деко. Од југ кон север главни згради се:

  • Азија Билдинг, поранешна зграда Мекбејн, во која се сместени седиштето на Шел и компанијата Азијатик петролеум.
  • Шангајски клуб
  • Унион билдинг, осигурителна компанија.
  • Нисин билдинг, јапонска компанија.
  • Зграда на кинеската трговска банка, прва кинеска банка.
  • Зграда на Расел и компанија
  • Зградата ХСБЦ (1921), најголемата банкарска градба во Азија на почетокот на векот, зградата била седиште на општината од 1950-тите во текот 46 години. Седиште е на Банката за развој Пудонг од 1995 година.
  • Царинарница (1927), чиј часовник и ѕвоно се копирани од оние на Биг Бен.
  • Зграда на кинеската комуникациска банка, последната зграда изградена на Бунд.
  • Зграда на руско-кинеска банка
  • Зграда на Банката на Тајван
  • Зграда на Севернокинески дневен весник, сега Американска меѓународна осигурителна компанија.
  • Овластена зграда на банка
  • Хотел Палас, сега анекс на хотелот Мир.
  • Хотел Мир или Куќа Сасун, со темнозелен пирамиден покрив висок 19 метри и лоби во стил ар деко.
  • Кинеска банка
  • Зграда на Јокохама Специ банка
  • Зграда Жардин Метисон
  • Зграда на Глен лајн
  • Индокинеска банка (1914), со француско-класико-барокен стил.
  • Поранешен генерален конзулат на ОК, претворен во хотел Пенинсула.

Превоз[уреди | уреди извор]

Нема метро станици што директно го поврзуваат Бунд. Најблиската станица, од линијата бр. 2, се наоѓа на 5 минути пешки на улицата Нанкин.

Туристичкиот тунел не е наменет за градски јавен превоз.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 2023-04-05.
  2. „FRANCE 5 - Programmes, vidéos et replay - Pluzz FRANCE 5“. Посетено на 27-08-2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  3. 3,0 3,1 3,2 Julie Desné, « Le Bund - Shangaï, vitrine du renouveau chinois », Le Figaro, vendredi 16 août 2013, page 11.
  4. „À Shanghai, les autorités mises en cause dans la bousculade mortelle“ (français). 1er janvier 2015. Архивирано од изворникот на 2015-01-02. Посетено на 5 janvier 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

31°14′16.9″N 121°29′10.1″E / 31.238028° СГШ; 121.486139° ИГД / 31.238028; 121.486139 (The Bund)