Хуангпу
Изглед


Хуангпу (кин. 黃浦江, пинјин: Huángpǔ Jiāng = „жолтобрежна река“) е река во Кина долга 97 км која тече низ градот Шангај.
Хуангпу е најголемата река во Шангај, а нејзина најзначајна притока е Суџоу.
Има просечна ширина од 400 метри, и просечна длабочина од 9 метри. Хуангпу е извор на речиси целото водоснабдување на Шангај. Таа го дели градот на два поголеми региона: Пудунг (исток) и Пусји (запад).
„Бундот“ во Шангај се наоѓа на кејот на реката.
Долж реката се протега и градот Џиасјинг.
Мостови
[уреди | уреди извор]Тунели
[уреди | уреди извор]Под реката поминуваат многу линии на Шангајското метро.
Поврзано
[уреди | уреди извор]![]() |
„Хуангпу“ на Ризницата ? |