Прејди на содржината

Борис Домагој Билетиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Домагој Билетиќ
Борис Домагој Билетиќ во 2015 година
Роден(а)22 март 1957(1957-03-22)(68 г.)
Пула, НР Хрватска, СФРЈ
НационалностХрват
НародностХрват
Алма матерЗагрепски универзитет
ЗанимањеПисател
Награди

Борис Домагој Билетиќ (роден на 22 март 1957 година во Пула)[1] — поет, есеист, литературен критичар, антологичар, публицист, полемичар, преведувач, културен работник, уредник и изадaвач, денес едно од најистакнатите имиња на современото хрватско поетско творештво и водечко име во хрватската книжевност во Истра. По завршена гимназија и Педагошка академија во родниот град, дипломирал, магистрирал и докторирал на Филозовскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Живее во Ровињ каде е директор на Градската библиотека Матија Влачиќ Илирик.

Освен поезија, во многубројната домашна и странска периодика од втората половина на 70. Години на XX век, започнувајќи во пулскиот Книжевен клуб и списание „На истарскиот борец” / “Ибор”, објавува критики, огледи, студии и преводи од италијански и германски. Поезијата му е изведувана и на Третиот програм на Хрватското радио, во емисијата Гласна поезија (Poezija na glas). Со сликарот Здравко Милиќ (Мала лирска Хроника, 1989.), и Бруно Масцарели (Истарски ракописи - Caligrafie istriane, 1998.) соавтор е на две графичко-поетски мапи. Застапен е во некои домашни и странски антологии на хрватското поетско творечко милје: Мирјана Стрчиќ (Хрватска поезија во XIX и XX век – Истарска песнарка, Пула 1989/(Hrvatsko pjesništvo Istre 19. i 20. stoljeća – Istarska pjesmarica, Pula 1989.), Анте Стамаќ – Иво Санадер ( Во овој страшен час, Сплит 1992., Загреб 1994.), Луција Даниелевска (Жив извор, Варшава, 1996. / Żywe źradla, Warszawa 1996.), Јосип Братулиќ, Стјепан Дамјановиќ, Винко Брешиќ, Божидар Петрач ...(Мила ни си ти единствена..., Загреб 1998. / Mila si nam ti jedina..., Zagreb 1998.), Божидар Петрач ( Хрватска велигденска лирика: од Крањчевиќ до денес, Загреб 2001. / Hrvatska uskrsna lirika: od Kranjčevića do danas, Zagreb 2001.), во книжевни лексикони , панорами и слично. Забележен е во историскиот преглед на Хрватската литература од Дубравко Јелчиќ (Загреб 2004.). Одделни песни или циклуси се преведени на петнаесет јазици.

Како уредник потпишува бројни изданија, најчесто од подрачјето на убавата книжевност. До 1990. е член на уредништвото на часописот за литература “Истра” (Пула), Уредничкиот совет за издаваштво “Истра низ векови”; во исто време работен член на Чаковечкиот собор.

Иницијатор е и од основање од 1996. Година главен и одговорен уредник на пулското списание за литература, културолошки и општествени теми “Нова Истра”. Член е на Друштвото на хрватските писатели (Društvо hrvatskih književnika) од 1988, и на неговата управа во тек на три мандати и претседател од 1990. - 1993., Хрватското културно друштво “Фрањо Главиниќ” од Ровињ, како и еден од иницијторите на ровињските “Шољанови денови”. 1997. година е гост-писател на меѓународната Загрепска славистичка школа. Меѓународната книжевна манифестација “Пулски денови на есеи” / “Pulski dani eseja” ги основал 2003. . Учествувал на бројни меѓународни и домашни фестивали и литературни собори.

Добитник е на книжевната награда: „Млада Струга” во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата, Македонија, 1984 година, „Факелот на молкот”/ “Zublja šutnje”, “Тин Ујевиќć” (1997 година; Работи на некрополата), австриската издавачка куќа „Kultur Kontakt” (2002.; Бартуљско јаболко), „Јулије Бенечиќ” (2008 година; Пристрасен читател, I-II); награди/плакети Св. Квирин (2012.; за севкупен придонес на хрватската поетско творештво), „Фран Галовиќ” (2013.; Истарски писатели и хоризонти: регионализам, идентитет и хрватската литература на Истра под фашизмот) итн. За културната работа и културната дејност, тој бил одликуван со Редот на Даница хрватска, со ликот на Марко Марулиќ (1996 година) и бил награден со Медал на Град Ровињ (1997 година).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]