Битка кај Дарданелите (1656)

Координати: 40°12′N 26°24′E / 40.2° СГШ; 26.4° ИГД / 40.2; 26.4
Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Дарданелите (1656)
Дел од Критска војна (1645–1669)

Битка кај Дарданелите
Датум 26 јуни 1656
Место во близина на Дарданели, Отоманско Царство
40°12′N 26°24′E / 40.2° СГШ; 26.4° ИГД / 40.2; 26.4
Исход Венецијанска победа
Завојувани страни
 Венецијанска Република


Sovereign Military Order of Malta Малтешки ред

Отоманско Царство
Команданти и водачи
Венецијанска Република
Лоренцо Марчело 
Венецијанска Република Пјетро Бембо
Венецијанска Република Барбадо Бадоер
Sovereign Military Order of Malta Грегорио Карафа
Кенан-паша
Сила
67 бродови
  • 29 едрени бродови
  • 7 галеаси
  • 31 галии
98 бродови
  • 28 едрени бродови
  • 9 галеаси
  • 61 галии
Жртви и загуби
3 уништени или заробени бродови 82 уништени или заробени бродови

Третата битка кај Дарданелите — поморска битка на Отоманската морнарица под команда на адмирал Кенан-паша со морнарицата на Република Венеција на 26 и 27 јуни 1656 година пред теснецот Дарданели, како дел од Отоманско-венецијанската војна (1645–1669). Битката претставувала јасна победа за Венеција и витешкиот ред „Болничари“ над Отоманското Царство иако нивниот командант, Лоренцо Марчело, бил убиен првиот ден.

Позадина[уреди | уреди извор]

Од 1645 година, Венеција и Отоманското Царство војувале околу поседувањето на островот Крит. Османлиските сили го зазеле најголемиот дел од островот во раните години на војната, но не биле во можност да го заземат неговиот главен град, силно утврдениот град Кандија (современ Ираклион). Венецијанците се обиделе да го прекинат снабдувањето и засилувањето на османлиската војска и неколку пати се обидиле да го блокираат теснецот Дарданели, преку кој отоманската флота морала да плови за да стигне до Егејското Море од својата база околу Цариград.

Марчело стигнал до островот Имброс, надвор од теснецот Дарданели, на 23 мај 1656 година со 13 едрени бродови, 6 галеаси и 24 галии, како и уште некои бродови под Пјетро Бембо. На 11 јуни пристигнале 7 малтешки галии на чело со Грегорио Карафа, со што вкупно броеле 29 едрени бродови, 7 галеаси и 31 галии.[1][2]

На 23 јуни, Османлиите, под водство на Кенан или Чинам-паша, преобратен Русин, се појавиле во теснецот со 28 едрени бродови, 9 галеаси и 61 галии. На 24 јуни турските копнени сили од двете страни на теснецот направиле обид да ги избркаат Венецијанците, но не успеале во тоа.[1][2]

Битка[уреди | уреди извор]

Утрото на 26 јуни дувало северен ветер, а Османлиите постигнале добар напредок, венецијанските галии не биле во можност да им помогнат на своите едрени бродови. Потоа ветрот се поддржал, свртувајќи се кон југоисток, заробувајќи ги Османлиите на азиската страна на Теснецот. Кенан-паша се вратил со 14 галии, но останатите биле или заробени, потонати или изгорени.[1] Султан / Сан Марко бил најнапредниот венецијански брод и направил најмногу за да го спречи отоманското повлекување.

Во текот на битката, венецијанскиот капетан генерал Марчело бил убиен од директен топовски удар, но неговата смрт се чувала во тајност.

Следниот ден се случле некои борби од мали размери, а на крајот од денот, османлиската флота изгубила 4 големи едрилици, 5 заробени галеаси и 13 галии, а 22 едрени бродови, додека 4 галеаси и 34 галии биле потонати или изгорени. Само 2 отомански едреници и 14 галии успеале да побегнат. Од заробените бродови, Малта добила 2 галеаси, 8 галии и 1 „супер галија“. Венецијанците изгубиле 3 едрени бродови, а нивните жртви изнесувале 207 убиени, 260 ранети и 94 исчезнати. Малтешките жртви изнесувале 40 убиени и 100 или повеќе ранети. Околу 5.000 христијански робови вработени во османлиската флота биле ослободени.[3]

Последици[уреди | уреди извор]

Тоа бил најтешкиот поморски пораз што го претрпеле Османлиите од битката кај Лепанто,[3][4] и им овозможил на Венецијанците да ги окупираат стратешки важните острови Тенедос и Лемнос, со што воспоставиле цврста блокада на теснецот.[5] Како резултат на тоа, дотурот на Крит практично бил прекинат, а самиот Цариград претрпел недостиг на храна во текот на зимата.[6] Меѓутоа, во тридневната битка во јули 1657 година, блокадата повторно била отстранета.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Finkel, Caroline (2006). Osman's Dream: The Story of the Ottoman Empire 1300-1923. London: John Murray. ISBN 978-0-7195-6112-2.
  • Setton, Kenneth Meyer (1991). Venice, Austria, and the Turks in the Seventeenth Century. Philadelphia: The American Philosophical Society. ISBN 0-87169-192-2.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Setton (1991), p. 182
  2. 2,0 2,1 Anderson (1956), p. 159
  3. 3,0 3,1 Setton (1991), p. 183
  4. Finkel (2006), p. 248
  5. Setton (1991), pp. 183-185
  6. Finkel (2006), pp. 251-252
  7. Setton (1991), pp. 186-188