Берберска овца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Берберска овца
BarbarySheep4.jpg
Берберска овца
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Кози
Род: Берберска овца
Blyth, 1840
Вид: Берберска овца
Биномен назив
Ammotragus lervia
Pall., 1777
Подвидви

A. l. angusi Rothschild, 1921
A. l. blainei Rothschiild, 1913
A. l. lervia Pallas, 1777
A. l. fassini Lepri, 1930
A. l. ornatusI. Geoffroy Saint-Hilaire, 1827
A. l. sahariensis Rothschild, 1913

Синоними

Antilope lervia[2]
Capra lervia[3]

Берберска овца (науч. Ammotragus lervia) — вид од потсемејството кози (Caprinae) автохтон на карпестите планини во северна Африка. Има шест подвидови. Иако е редок на домашна територија, доведен во јужна Европа, Северна Америка и на други места. Позната е и како аудед, вадан, аруј и арујс.

Во Македонија, примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Овој вид овци е висок 80-100 см и тежи 40-140 кг. По боја се песокливо-кафени (сè потемни како што стареат), оздола малку посветли и со потемна линија на грбот. Горните и надворешните делови од нозете имаат рамномерна црвеникаво-кафеава или сивкасто-кафеава боја. На вратот имаат лелеаво руно (кое досега до градите кај мажјаците) и ретка грива. Роговите им се триаголни во пресек, се извиваат нанадвор, наназад, а потоа навнатре, и достигаат должина од 50 см. На допир се мазни, со мали набори при основата што се јавуваат со старост.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Природно живеалиште[уреди | уреди извор]

Берберската овца природно живее во северна Африка, и тоа: Алжир, Тунис, Египет, Либија, Мавританија, северен Мали, Мароко, Нигер, Судан и северен Чад (западно од реката Нил и на Црвеноморските Ридови источно од Нил).[5]

Доведени населенија[уреди | уреди извор]

Берберска овца во Лондонската зоолошка градина

Како доведен вид, бербреската овца е застапена во југоисточна Шпанија, the југозпадни САД, островот Нихау (Хаваи), Мексико, и некои делови од Африка.

Во 1970 г. се доведени единки во југоисточна Шпанија и денес берберската овца е честа на ограничено подрачје во тој дел од земјата и во регионалниот парк Сиера Еспуња, каде е ловен вид. Поради својата прилагодливост, овој вид е во подем и почнува да се среќава во покраините Аликанте, Алмерија, Гранада и Мурсија,[6] каде им сопернички на автохтоните копитари на Пиринејскиот Полуостров. Видот е доведен и на островот Ла Палма (Канарските Острови) и денес е раширен низ северниот и средишниот дел од островот, каде претставува сериозна закана за ендемските растенија.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Младенче

Овој вид (A. lervia) е единствениот од родот Ammotragus. Меѓутоа, некои автори го ставаат овој род во родот на козите (Capra), заедно со овците (Ovis).[3]

Подвидовите на бверберската овца се алопатрички во разни делови на северна Африка:[5]

  • A. l. lervia Pallas, 1777 (ранлив)
  • A. l. ornata I. Geoffroy Saint-Hilaire, 1827
  • A. l. sahariensis Rothschild, 1913 (ранлив)
  • A. l. blainei Rothschild, 1913 (ранлив)
  • A. l. angusi Rothschild, 1921 (ранлив)
  • A. l. fassini Lepri, 1930 (ранлив)

Живеалишта[уреди | уреди извор]

Barbary Sheep

Берберските овци живеат во степски планински подрачја каде пасат и брстат треви, грмушки и лишаи. Потребата за вода можат наполно да ја задоволат преку храната, но ако ако наидат на течна вода, ја пијат и се валкаат во неа. Активни се рано наутро и на квечерина, а жегата ја минуваат во одмор. Со нозете се многу спретни и можат да скокнат од место дури 2 м во висина. Кога ќе забележат опасност, веднаш бегаат по нагорнините и скокаат напред-назад за да го збунат непријателот.

Имаат преселничко поведение и постојано минуваат по разни планински венци. Главни природни грабливци во северна Африка им се берберскиот леопард, берберскиот лав (истребен) и каракалот, но денес опстанокот им го загрозува само човекот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cassinello, J., Cuzin, F., Jdeidi, T., Masseti, M., Nader, I. & de Smet, K. (2008). „Ammotragus lervia“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 11 November 2008. Database entry includes a brief justification of why this species is of Vulnerable C1.
  2. Grubb, P. (16 ноември 2005). Wilson, D. E.; Reeder, D. M. уред-ци. Mammal Species of the World (III издание). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14200753. 
  3. 3,0 3,1 Grubb, P. (16 ноември 2005). Wilson, D. E.; Reeder, D. M. уред-ци. Mammal Species of the World (III издание). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14200767. 
  4. „Зоо Скопје“. http://www.zooskopje.com.mk/berberska-ovca.html. посет. 20 април 2015 г. 
  5. 5,0 5,1 Grubb, P. (16 ноември 2005). Wilson, D. E.; Reeder, D. M. уред-ци. Mammal Species of the World (III издание). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14200754. 
  6. Cassinello, J.; Serrano, E.; Calabuig, G. & Pérez, J.M. (2004). Range expansion of an exotic ungulate (Ammotragus lervia) in southern Spain: ecological and conservation concerns. Biodiversity and Conservation 13: 851-866

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Cassinello, J. (1998). Ammotragus lervia: a review on systematics, biology, ecology and distribution. Annales Zoologici Fennici 35: 149-162
  • Wacher, T., Baha El Din, S., Mikhail, G. & Baha El Din, M. (2002). New observations of the "extinct" Aoudad Ammotragus lervia ornata in Egypt. Oryx 36: 301–304.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]