Прејди на содржината

Бени Бенаси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бени Бенаси
Бени Бенаси во 2020
Животописни податоци
Родено имеМарко Бенаси
Познат(а) и како
  • Бени Би
  • KMC
  • Benassi Bros.
  • Blue Storm
  • AL.BEN
  • Bat67
  • FB
Роден(а)13 јули 1967(1967-07-13)(57 г.)[1]
Милано, Италија
ПотеклоРеџо Емилија, Италија
Жанрови
  • EDM
  • хаус
  • електро-хаус[2]
  • прогресивен хаус
  • микрохаус
Занимања
  • Диџеј
  • продуцент
  • ремиксер
Инструменти
  • Клавијатури
  • синтисајзер
  • музички секвенцер
  • грамафон
Период на активност1985–present
Издавачи
Соработници
Мреж. местоbennybenassi.com

МаркоБениБенаси (италијански: Marco Benassi; роден на 13 јули 1967) ― италијански диџеј, продуцент и ремиксер. Тој се смета за пионер на музичкиот правец електро-хаус, жанр популаризиран од неговиот летен клубски хит „Satisfaction“ од 2002 година.[3]

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Бени Бенаси е роден во Милано, а детството го поминал во Реџо Емилија. Музичката кариера ја започнал како диџеј во електронското дуо Benassi Bros кое го основал заедно со неговиот братчутед Алесандро „Але“ Бенаси. Иако почнувал да стекнува популарност под неговиот псевдоним, неговиот прв меѓународен хит „Feel So Fine“ (2001) го објавил под псевдонимот KMC.

Со неговата песна „Satisfaction" забележал огромен светски успех, а многу високоценети диџеи како: Карл Кокс, Дарен Емерсон и Роџер Санчез ја пофалиле песната. Песната се искачила на второ место на табелата за синглови во Обединетото Кралство,[4] откако претходно издавачката куќа Ministry of Sound го заменила оригиналното видео (речиси неподвижна слика на групата, со многу графика) со ново видео во кое манекенки користат електрични алати за градежништво.

Во 2003 година, Бенаси го издал неговиот прв соло-албум, Hypnotica. Албумот бил позитивно оценет од критиката и е познат како албум-пионер во електро-хаусот. За албумот, во 2005 година Бенаси ја добил наградата European Border Breakers Award.[5] Во 2004 година бил објавен првиот албум од Бенаси Брос, Pumphonia. Нивната песна „Illusion“ станала многу популарна во американската клупска сцена и се искачила на 4-то место на Hot Dance Club Play. Следната нивна песна „Hit My Heart“ стигнала до 15 место.

Во 2008 година, неговиот ремикс на „Bring the Noise“ од Public Enemy освоил Греми награда за најдобар ремикс. Во 2009 година, Бенаси се нашол на 26-то место на списокот од „Топ-100 диџеи“ според списанието DJ Mag,[6] а во 2011 година бил ставен на седмо место на списокот од топ-100 диџеи на веб-страната од DJ List.[7]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
Студиски албуми
  • Hypnotica (2003)
  • Rock 'n' Rave (2008)
  • Electroman (2011)
  • Danceaholic (2016)
  1. „Benny Benassi - About“. Benny Benassi. Архивирано од изворникот на 2010-11-20. Посетено на 2008-06-12.
  2. „Benny Benassi Announces New Album“. Noiseporn (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-03-01. Посетено на 2018-03-01. The chart-topping track paved the way for Benassi's career and for what we know today as electro house.
  3. „satisfaction | full Official Chart History | Official Charts Company“. Official Charts (англиски). Посетено на 2018-06-06.
  4. „EBBA-results - Eurosonic Noorderslag“. Eurosonic Noorderslag (англиски). Посетено на 2018-06-06.[мртва врска]
  5. „DJ Mag's Top 100 DJs“. DJ Mag. Посетено на 19 November 2009.
  6. „theDJlist.com“. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 2024-04-10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]