А бре, Македонче

Од Википедија — слободната енциклопедија
„А бре, Македонче“
Песна од
Никола Бадев и Александар Сариевски,
Танец, Леб и сол, Балкан Бенд
од албумот
„Танец (1974)“, „Звучен ѕид“ (1986)
Јазикмакедонски
Напишана1941
СтудиоПГП-РТБ, Југотон
Жанрмакедонска народна музика, џез-фузија
Должина3:33 (1986)
Композитор(и)Ордан Михајлоски - Оцка
ТекстописецКоле Чашуле,
Крсте Црвенковски

А бре, Македончемакедонска народна песна, од патриотски, борбен карактер, химна на партизанското движење во Македонија, која потекнува од периодот на НОБ за време на Втората светска војна. Песната е многу популарна и денес се смета за народна песна, иако е создадена од Крсте Црвенковски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски - Оцка[1]. Таа е напишана во Прилепско, два месеци пред македонската химна Денес над Македонија. Песната е создадена во периодот меѓу 23 октомври и 8 ноември 1941 година, кога ја имала својата прва изведба во прилепското село Царевиќ, на првиот народен собир (митинг) во фашистички поробената Македонија.[1][2] Хроничарите на НОБ, Коце Солунски и Љубен Георгиески - Љупта, во своите дела и сведоштва за формирањето на првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ и неговото дејствување, зборуваат и за создавањето на оваа песна. На 23 октомври 1941 година, при формирањето на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ во месноста кај манастирот кај велешкото село Степанци, тројца борци добиле задача да создадат песна, што ќе биде химна на одредот и со која требало да се изидигнува борбениот морал на борците, а воедно, да се поттикнува населението за вклучување во партизанското движење.[1][2] Задачата им била доверена на Крсте Црвенковски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски - Оцка. Овие борци не биле случајно избрани. Крсте Црвенковски како политички комесар на одредот имал задача да испрати порака до борците и народот за помасовно учество во борбата, Коле Чашуле со својата писателска дарба дал придонес во составувањето на текстот, а Ордан Михајлоски - Оцка кој бил талентиран и образуван виолинист учествувал во создавањето на музиката за песната.[1]

Одлики[уреди | уреди извор]

Оваа песна е постојано присутна и употребувана во секојдневното општествено живеење на Македонија и македонскиот народ. Аранжманот е најчесто во 3/4 такт,[3] снимена од многу изведувачи. Таа се изведувала во првиот македонски игран филмФросина“ во 1952 година по аранжман на композиторот Трајко Прокопиев, како и во македонскиот игран филм „До победата и по неа“ од 1966 година.[1] Популарен е и дуетот на македонските изведувачи на народни песни Никола Бадев и Александар Сариевски[4], а мешаната група и народниот оркестар на Танец ја издале на винил албум во 1974 година во издание на ПГП-РТБ.[5] Песната е снимена и од Леб и сол, за првпат објавена во албумот „Звучен ѕид“ (Zvučni zid) од 1986 година,[6][7] понатаму преработувана и толкувана во инструментална форма од македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски, и Гарабет Тавитијан со неговата група „Парамециум“.[8]

Текст[уреди | уреди извор]

Првобитен текст:[1][2][уреди | уреди извор]

А бре, Македонче, каде се спремаш?
Бојот те чека, бој за слобода.

Бој за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Мажи накитени, жени наредени,
в борба ми одат, борба за слобода.

Нека разберат денешните тирани,
Македонско име нема да загине!

Алт:[уреди | уреди извор]

А бре Македонче, за каде се спремаш?
Борба те чека, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Момци наредени, моми накитени,
борба ќе одат, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Нека разберат клетите фашисти,
македонско име нема да загине!

Конроверзи[уреди | уреди извор]

Со текот на времето се појавиле различни верзии на текстот, посебно во последните строфи на песната. Во сите верзии на песната првите 2 строфи се непроменети во сите верзии до ден денешен. Со појавувањето во одредени филмови, на телевизија и во одредени музички преработки, направена е измена во претпоследниот стих со зборовите „Нека разберат, клетите фашисти“. Оваа песна е позната навивачка песна која често се пее на натпреварите во кои играат репрезентациите на Македонија или на натпревари меѓу клубови во кои играат Македонци и Албанци. Претпоследниот стих е заменет со текстот „Нека разберат, клетите шиптари“, што е со отворена погрдна конотација и говор на омраза, по што се користи и како повод и причина од албанските навивачи и шовинисти за „возвраќање“ со акти на насилство и говор на омраза, на што редовно реагираат и протестираат интелектуалци, новинари, политички партии, невладини организации и здруженија на Албанци и Македонци. Посебно значење и популарност оваа песна добива и во современите услови на негирање на македонското име и идентитет во наметнатиот Спор за името помеѓу Македонија и Грција, со своите стихови „македонско име нема да загине“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „А бре, Македонче“ е постара од химната - печатено издание на весникот „Нова Македонија“, број 22,545, година LXVII, сабота-недела 30.03/01.04.2012, стр. 19
  2. 2,0 2,1 2,2 „„А бре, Македонче" пишувана од прилепчани“. Архивирано од изворникот на 2021-10-01. Посетено на 2020-10-20.
  3. Партитури и текст
  4. на YouTube
  5. на discogs.com
  6. на ВБУ музички регистар
  7. на YouTube
  8. на ВБУ музички регистар

Надворешни врски[уреди | уреди извор]