Андерс Линдегор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данска Андерс Линдегор
Лични податоци
Роден на 13 април 1984
Роден во Дируп, Данска
Висина &100000000000001930000001,93 м
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
Број 13
Младинска кариера
Одензе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2009 Одензе 6 (0)
2008Колдинг 10 (0)
2009Олесунд 26 (0)
2009–2010 Олесунд 30 (0)
2010– Манчестер Јунајтед 8 (0)
Репрезентација
2010- Данска Данска 5 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 2 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 2 јануари 2012

Андерс Розенкранц Линдегор (дански: Anders Rozenkrantz Lindegaard) — дански фудбалски голман кој во моментов ја чува мрежата на англискиот најтрофеен тим Манчестер Јунајтед.Тој пристигна во Јунајтед во ноември 2010 година по завршувањето на сезоната во норвешката прва фудбалска лига, кога тој се збогуваше со својот поранешен клуб Алесунд.Во 2009 тој беше победник на Норвешкиот фудбалски куп со Алесунд.Во 2010-тата тој беше избран за гоман на годината во две земји Данска и Норвешка.

Линдегорд е член и на данската фудбалска репрезентација од 2010 година.Своето деби го имал на 7 септември 2010 против Исланд.Негов идол е Дејвид Прис.

Клупска Кариера[уреди | уреди извор]

Оденсе[уреди | уреди извор]

Линдегор е роден во Дируп гратче во близина на Оденсе.Па така кариерата ја почнува во истоимениот клуб којшто се натпреварува во Данската Суперлига.Своето деби во лигата на голот на Оденсе го имал на 19 ноември 2006 во победата над Силкеборг од 3:1.Откако се врати од позајмицата во второлигашот Колдинг тој дебитираше и во Европските турнири на 30 јули 2009 во победата на Оденсе од 4:3 над македонскиот тим Работнички.Со доаѓањето на Рој Керол во летото 2009 во тимот тој одново оди на позајмица овојпат во норвешкиот Алесунд

Алесунд[уреди | уреди извор]

Во 2009-тата тој доаѓа во Алесунд најпрво како позајмен играч, а потоа за сума од 400 илјади евра тој потпишува за Алесунд.На 8 ноември истата година со Алесунд го освојува НМ Купен (норвешкиот фудбалски куп), откако во финалето е победен тимот на Молде на пенали, по нерешените резултати 1:1 на крајот од 90-те минути и 2:2 по продолженијата.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Тој потпиша за Манчестер Јунајтед во ноември 2010, но по правилата во Премиер лигата, тој не можеше да биде на располагање до 1 јануари кога се отвора зимскиот трансферен прозорец.Тој потпиша за Манчестер Јунајтед три и пол годишен договор за сума од 3,5 милиона фунти.На 6 јануари тој и официјално беше регистриран како фудбалер на црвените ѓаволи и го доби дресот со број 34.

На 29 јануари тој дебитира за својот нов клуб во 4-тото коло од ФА Купот против Саутемптон во победата на неговиот тим од 2:1.Месец дена подоцна тој брани и во следното 5-то коло од ова натпреварување против тимот од Конференцијата Кроули Таун во кој не прими гол а Манчестер Јунајтед победи со 1:0.Во Март заработува повреда поради која го пропушта остатокот од сезоната.

Сезона 2011-2012[уреди | уреди извор]

Во наредната сезона тој дебитира во мечот со Бенфика во Лигата на Шампионите (1:1).

Своето деби во Премиер лигата го има на 1 октомври 2011 против Норич (2:0 за Манчестер). Линдегард ја сочува својата мрежа сува и во наредните мечеви во кој бранеше во Премиер лигата против Сандерленд, Астон Вила, Фулам и Виган. Неговата одлична серија од мечеви без примен гол во Премиер лигата заврши на 4 јануари 2012, кога тој прими три гола во разочарувачкиот пораз на Јунајтед од Њукасл Јунајтед со 3-0. На почетокот на февруари Линдегард заработи повреда која треба да го оддалечи од терените околу месец дена.

Репрезентативна Кариера[уреди | уреди извор]

Андерс Линдегард дебитира за сениорската репрезентација на Данска на 7 септември 2010 против Исланд во квалификациите за Евро 2012 (Данска победи со 2:1).Неколку дена подоцна Данска играше против Португалија.Првиот голман во тој меч Томас Соренсен се повреди и Линдегард се појави како замена, но во финишот од мечот прими гол од Кристиано Роналдо.Тој беше стартер и во уште еден меч од квалификациите против Кипар во победата на Данска со 2:0.

Титули[уреди | уреди извор]

Алесунд[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]