Амаркорд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Амаркорд (италијански: Amarcord) - италијански филм од 1973 година, во режија на Федерико Фелини, кој е и еден од авторите на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Пупела Маџо, Армандо Бранча, Магали Ноел, Бруно Занин, Џузепе Јанигро, Јосиане Танцили, Чичо Инграсија итн. Филмот освоил 18 магради, меѓу кои и: „Оскар“ за најдобар странски филм.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажани разни сцени од животот на жителите на еден мал италијански приморски град: прославата на пристигнувањето на пролетта, проследена со палење на кукла на вештерка; ситните проблеми што ги прават учениците; нивните сексуални фантазии и копнежот по жената наречена Градишка (ја игра Ноел) по која лудува целиот град; бесрамното однесување на проститутката Волпина; подемот на фашизмот; хотелот во кој престојуваат странските туристи; престојот во хотелот на еден емир кој пристигнал со своите 30 жени; снегот кој паѓа неколку дена; возбудата на жителите од поминувањето на големиот прекуоекански брод; автомобилската трка итн. Притоа, посебно се прикажани доживувањата на едно семејство: сослушувањето и мачењето на таткото Аурелио (го игра Бранча) поради инцидентот за време на прославата во чест на Дуче; заедничкиот излет со Тео (го игра Инграсија), лудиот брат на Аурелио, кој се качува на дрво, одбивајќи да слезе; несуденото сексуално искуство на синот Тита (го игра Занин) со продавачката на цигари; и болеста и смртта на мајката Миранда (ја игра Маџо). Филмот завршува со свадбата на Градишка, која потоа го напушта градот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]