Прејди на содржината

Ада Меѓица

Координати: 44°47′N 20°23′E / 44.783° СГШ; 20.383° ИГД / 44.783; 20.383
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ада Меѓица
Ада Међица
Населба
Сплавови на Сава
Сплавови на Сава
Земја Србија
РегионБелград
ОпштинаНов Белград
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повикувачки број+381(0)11
Рег. табличкаBG

Ада Меѓица (српски: Ада Међица) — остров и населба која се наоѓа во Белград, главниот град на Србија. Островот се наоѓа во белградската општина Нов Белград. Ада Меѓица е речно островче речно оформено во реката Сава, долго 1,5 километри и широко 200 метри. Се наоѓа северно од централниот дел на многу поголемиот Ада Циганлија.

Историја

[уреди | уреди извор]
Куќата на Пеѓа Ристиќ, 1968

Името на островот, Ада Меѓица, е со српско потекло односно назив за пограничен речен остров, бидејќи со векови реката Сава била граница на многу држави (Римско Царство, Византија, Кралство Унгарија, Србија, Отоманско Царство, Хабсбуршка Монархија итн.). Островот денес припаѓа на општината Нов Београд, а на 100 метри од Ада Циганлија која припаѓа на Општина Чукарица.

Островот претходно, барем до Првата светска војна, исто така бил познат како Ада Занога[1].

Во 1962 година првите доселеници почнале да го посетуваат островот кога биле изградени првите куќи. Првата претставува дрвена куќа изградена од Пеѓа Ристиќ, архитект и уметник, познат со прекарот Исус. Веќе во 1963 год., општинската власт ја доверил грижата за островот на 99 години, како што е наложено со одлука на Врховниот суд на Југославија. Куќи на островот првично биле изградени на страната на Ада Циганлија, а подоцна и страната на Блок 44 на Нов Белград. Градот подоцна го тужел Друштвото кое го сакал островот, но изгубил на суд[2][3][4].

Кога во јули 2016 година бил организиран меѓународен пливачки маратон од 3 км, на островот била откриена неексплодирана тешка бомба од Втората светска војна од 50 кг (110 фунти) во близина на врвот на островот, на длабочина од 11 метри. Бомбата била отстранета и уништена[5]. Маратонот, познат како еден од ретките пливачки настани во Србија, бил планиран како годишен настан, а вториот пат во 2017 година бил посветен на прославата на 55 години откако биле изградени првите куќи на островот. Од 2018 година постојат две трки: првата е рекреативна (само 1 км) додека втората е наменета за професионалци (2.7 км)[6].

Администрација

[уреди | уреди извор]

Една од локалните заедници што ја сочинуваат населбата Блокови од Нов Београд била наречена Ада Меѓица во 1990-тите, со население од 4.636 во 2002 година[7]. Локалната заедница подоцна била укината и островот сега е дел од локалната заедница Сава.

Сива чапја, заштитен вид на островот

Островот е пошумен со 250 диви дабови, стари 50 и 100 години. Во 2015-17 околу 2.500 садници биле засадени низ целиот остров[5][8].

Шумата била живеалиште за врапчиња, диви патки и гулаби, но до 2010 година тие биле скоро целосно збришани од растечкото население на врани[2]. Две големи јата на диви гуски живеат на островот и се атракција за посетителите.

Особености

[уреди | уреди извор]

Ада Меѓица нема постојано население, но има 87 викенд куќи и 202 куќи во сопственост на жителите на Белград. Максималната големина на штитната куќа или куќа-брод е 25 м2. Потребната електрична енергија е обезбедена од страна на сончеви плочи. Водата била спроведена преку цевката на речното корито на реката Сава и на островот бил изграден мини-водовод со пет чешми. Во текот на летото, преку 2.000 жители на градот ги поминуваат своите викенди на Ада Меѓица, кој е достапен само со мали чамци, вклучувајќи ја и сезонската бродска линија од Блок 44. Активностите за слободно време вклучуваат пливање, пешачење и правење скари, бидејќи областа е речиси недопрена и без туристички објекти. Единствено источниот дел на врвот на островот е бетониран за да се спречи ерозијата. Потокот на реката Сава е толку силен што го турка островот од 50 до 100 сантиметри годишно во низводно насочување. Островот редовно е преплавен од реката и проектот за отстранување на проблемот на островот се смета за прескап од страна на локалните власти[2][3][4]. За време на поплавите, островот редовно е покриен со кал и обично е преплавен толку многу што чамците треба да се користат за транспорт од една куќа во друга куќа. Постојат две мали плажи, официјално класифицирани како „диви плажи“. Првата е во близина на северниот, бетонски врв, а другата е песочна плажа во близина на јужниот дел[8][9].

  1. Branko Bogdanović (2 July 2017), „Čast srpskih oficira“, Politika-Magazin, No. 1031 (српски), стр. 28–29
  2. 2,0 2,1 2,2 Nikola Belić (2 September 2012). „Lokalna samouprava starosedelaca na Međici“ (српски). Politika.
  3. 3,0 3,1 Vladimir Vukasović, Nikola Belić (21 July 2013), „Divlje plaže nema ko da pripitomi“, Politika (српски)
  4. 4,0 4,1 Milan Janković (15 September 2013), „Ada Međica - oaza mira bez struje, prodavnica i kafana“, Politika (српски)
  5. 5,0 5,1 Dejan Aleksić, Branka Vasiljević (15 July 2016), „Izvađena eksplozivna naprava kod Ade Međice“, Politika (српски), стр. 17
  6. A.J. (7 August 2018). „Пливачки маратон на Ади Међици“ [Swimming marathon on Ada Međica]. Politika (српски). стр. 15.
  7. Popis stanovništva po mesnim zajednicama, Saopštenje 40/2002, page 4. Zavod za informatiku i statistiku grada Beograda. 26 July 2002.
  8. 8,0 8,1 Branka Vasiljević (9 July 2017), „Ada Međica – biser Save proslavlja 55. rođendan“, Politika (српски), стр. 16
  9. Nikola Belić (9 August 2012), „Carstvo mira na rečnoj obali opkoljeno civilizacijom“, Politika (српски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]