Џума-џамија (Евпаторија)
Џума-џамија украински: Мечеть Джума-Джамі кримскотатарски: Cuma Cami руски: Мечеть Джума-Джами | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Евпаторија |
Координати | 45°11′45″N 33°22′38″E / 45.19583° СГШ; 33.37722° ИГД |
Припадност | ислам |
Обред | сунизам |
Територија | Крим |
Земја | Крим |
Статус | активна |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Мимар Синан |
Архитектонски тип | Mosque |
Архитектонски стил | османлиска архитектура |
Завршен | 1564 |
Особености | |
Насоченост на фасадата | север |
Куполи | 13 |
Висина на куполата (надв.) | 20 метри |
Минариња | 2 |
Висина на минарето | 35 метри |
Материјали | варовник |
Џума-џамија (украински: Мечеть Джума-Джамі, кримскотатарски: Cuma Cami, руски: Мечеть Джума-Джами) — џамија која се наоѓа во Евпаторија, Крим и претставува главна џамија на градот, од каде доаѓа и нејзиното име. Џамијата била градена во периодот помеѓу 1552 и 1564 година, а главен архитект на проектот бил познатиот османлиски архитект Мимар Синан. Во Руската Федерација, која ја контролира спорната територија на Крим, објектот е вклучен во списокот на културно наследство од федерално значење[1].
Историја
[уреди | уреди извор]Џума-џамија започнала да се гради во времето на кримскиот хан Девлет I Гирај во 1552 година.
Откако била завршена изградбата, џамијата претрпела бројни измени и реставрации. Пред неколку години, џамијата е целосно реновирана. Така, двете минариња биле целосно обновени во 1985 година, од кои едното било уништено пред 1665 година, а другото во 1836 година[2].
Во советско време, џамијата била затворена како религиозна институција и се користела како архитектонски споменик и музеј, а во 1990 година била повторно вратена на верниците.
Во август 2014 година имамот на џамијата, кој претходно работел во управата на муслиманите на Крим, го објавил своето повлекување од водството на Тавриското муфтиство, по кое објектот припаднал како имот на ова муфтиство. Во јули 2015 година, Врховниот суд го потврдил правото на сопственост на Република Крим на џамијата и им наредил на претставниците на муфтиството да ја ослободат џамијата[3].
Во 2016 година, една сребрена монета од 3 рубли издадена од страна на Банката на Русија од серијата „Архитектонски споменици на Русија“, била посветена на џамијата[4].
Архитектура
[уреди | уреди извор]Истанбулската црква Света Софија послужела како пример за изградба на оваа џамија, чиј архитект бил Мимар Синан. Дел од верскиот објект бил направен од варовник, но главниот материјал што се користел во конструкцијата била камена карпа. Џамијата претставува централна куполна зграда на која се прикачени две минариња. Прозорците ги осветлуваат двокатните галерии, покриени со рамни куполи три по ред. Централната сала, висока 22 метри, е покриена со купола која содржи 16 прозорци.
Денес, Џума-џамија е најголемата и највеличествена џамија на Крим.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://government.ru/media/files/XnNawtIgNdGfkAMwq9cweD5tE4N6miAy.pdf
- ↑ „Мечеть Джума-Джами. История Евпатории. От Керкинитиды до наших дней. Керкинитида, Гезлев, Евпатория. История города-курорта“. Архивирано од изворникот на 2012-11-17. Посетено на 2018-05-08.
- ↑ „Суд Крыма обязал "Таврический муфтият" освободить мечеть Хан-Джами“. IslamNews. 2015-07-11. Посетено на 2015-07-11.
- ↑ Монета Банка России. Мечеть Джума-Джами, г. Евпатория
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џума-џамија (Евпаторија)“ на Ризницата ? |
- Иванов А. В. Евпатория: путеводитель. — Севастополь: Библекс, 2006. — 64 с ISBN 966-8231-67-8