Љубомир Груевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубомир Груевски
Роден/а17 јануари 1949
Македонија Гевгелија, Македонија
ЗанимањеПисател, Критичар, Преведувач

Љубомир Груевски (роден на 17 јануари 1949, во Гевгелија - починат на 10 ноември 2016, во Битола) — македонски поет.

Се школувал во Битола, каде го отпочнува основното образование, кое исто како и гимназиското образование го завршил во Штип. Студирал книжевност на Филолошкиот Факултет во Белград и Филозофскиот факултет во Скопје, каде и дипломирал во 1971 година. Работел како уредник во издвачки куќи; бил директор на Хераклеја Линкестис - антички локалитет (во близина на Битола), директор на Народниот театар (Битола), а подолго време работел како главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Мисирков“ (Битола)- прва издавачка куќа во Р. Македонија, надвор од главниот град, чијшто покренувач и директор во основање бил тој.

Во Битола подоцна (1993) исто така ја основал и бил директор и главен уредник на приватната издавачка куќа „Артерос“, која делувала десетина години вклучително и во книжарската дејност. Со литературни објави започнал уште во школските и студентски денови, објавувајќи песни, раскази и театарски осврти во Млад борец (Скопје), Студентски збор (Скопје), Народен глас (Штип) и др. Бил главен и одговорен уредник на битолското списание за литература и култура „Развиток“. Во 1983 година го покренал списанието за уметност и култура на младите од Македонија „ЗА“, бил негов уредник, а во редакцијата од целата држава, членови биле и: Славе Ѓорѓо Димоски (Охрид), Христо Петрески, Доста Димовска (Скопје), д-р Блаже Китанов (Штип), Василе Димоски (Прилеп) и Кире Неделковски (Битола).

Во 2001 година је покренал и со неколкумина уметници и истомисленици ја основал Творечката асоцијација како асоцијација на уметници и творци од сите уметнички и творечки дисциплини, во која членувале значајни имиња од земјата и странство. ТА во 2003 година се појавила како организатор и на, за пошироките јужноевропски простори, првата мултимедијална колонија “Отешево 2003“. Во 2006 година ја покренал и од тогаш ја организирал и водел меѓународната поетска манифестација Хераклејски поетски свечености (ХПС), која секоја година кон крајот месец јули се одржува во Римскиот театар (2 век н.е.) во древниот град Heraklea Lyncestis (4 век н.е. Филип 2 Македонски). Од 2010 година како издание на ХПС се појавува специјализираната ревија/таблоид за уметност “Поезија итн...“.

Од 1974 година, Љубомир Груевски живее во Битола, а последните десет години работел како професор во гимназија. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година. Застапен е во Енциклопедија Британика - на македонски јазик (2006 ), како и во други лексикографски изданија. Застапен е во повеќето антологии на македонската поезија. Неговата поезија е преведувана на англиски, руски, бугарски, украински, српски, хрватски, словенечки, полски и др. словенски и светски јазици. Покрај неговите авторски книги, тој е преведувач на: „СИМБОЛИЗМОТ...“ Андреј Бели, (1997, превод од руски), a се јавува и како приредувач на антологијата „Љубовни пеења“ (1996), поезија и „КНИГА НА МУДРОСТА“ – флорилегиум на сентенци (2002).

Објавени книги[уреди | уреди извор]

  • 1980 - „ГЕМИИ“ , поезија
  • 1983 - “ОГНЕНА ЗЕМЈА“ , поезија (по повод 80 години од Илинден 1903) “
  • 1991 - „ОПСАДЕН ГРАД’’,поезија („Ѓурѓа“, библиофилски реден број 11)
  • 1999 - „ОСТРОВОТ И ДРУГИТЕ ЛЕГЕНДИ “ поезија
  • 2003 – „MAGNA CHARTA“, поезија + ЦД (со музика ДД „Синтезис“) 100 год.Илинден
  • 2005 – “ТЕАТАР,ФИЛМ, СТИХ - критики и есеи
  • 2008 – „СЛИКИ И СЕНКИ“, поезија
  • 2011 – „МУЗЕЈ ПОД ПЕЛИСТЕР“ , поезија

Награди[уреди | уреди извор]

Меѓународни поетски награди[уреди | уреди извор]

  • Ратковиќеви вечери на поезија 1987 (Црна Гора) прва награда
  • Мелнички вечери на поезија 2009 (Бугарија) втора награда

Домашни поетски награди[уреди | уреди извор]

  • Гоцеви денови 1998 (Делчево) втора награда
  • Празник на липите 2004 (Скопје) втора награда
  • Празник на липите 2006 (Скопје) прва награда
  • Наградуван е со први и втори награди за раскази.
  • Награда „4 Ноември“ - награда на град Битола за 2006 година.
  • На 12-иот годишен избор на „Битолски весник“ прогласен за најуспешен битолчанец за

2009 година во областа на литературата.