Блаже Китанов
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Блаже Китанов — македонски поет, есеист и критичар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Китанов е роден во Штип на 17 декември 1952 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирал на тема „Поезијата на Матеја Матевски“ и докторирал на тема: „Ацо Шопов - живот и дело“. Професор на Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип. Бил главен и одговорен уредник на списанието „Дело-74“ - Штип. Член на ДПМ од 1998 година. Автор е на книгите: Од пејзажот кон човекот (студија, 1987), Во подножјето на огнот (поезија, 1995), Импресии и погледи (критики, 1995), Девет возбуди (критики), 1966), Ацо Шопов - живот и дело (монографија, 1998)[2], [3].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 117.
- ↑ Блаже Китанов / Blaze Kitanov
- ↑ Работни тела
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |