Кире Неделковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кире Неделковски
Кире Неделковски во 2012 г.
Роден(а)28 септември 1954(1954-09-28)
Битола, НР Македонија СР Македонија
НационалностМакедонец
Познат(а) попоезија

Кире Неделковскимакедонски поет.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Неделковски е роден на 28 септември 1954 година во Битола. Завршил Педагошка академија во Битола група Македонски јазик. До пензионирањето работел во П.П. „Неделковски Арт-Мак“ во Битола. Поезија објавува од 1972 година, а првата стихозбирка ја издал во 1982 година. Од 1981 година бил повеќепати уредник во списанијата: „Развиток“, „Стожер“ и „Раст“. Член на ДПМ од 1989 година. Бил секретар за меѓународна соработка во ДПМ, а со формирањето на „Битолскиот книжевен круг“ бил негов секретар.

Учесник е на бројни книжевни колонии, работилници, средби и други книжевни манифестации:

  • Меѓународна мултимедијална колонија „Битола 2015“ [2]
  • Меѓународна мултимедијална колонија „Битола 2014“ [3]
  • Ликовно-книжевна колонија „Битола 2013“ [4]
  • Галичка книжевна колонија 2012 [5]
  • Галичка книжевна колонија 2008 [6]
  • Прва книжевна работилница на ДПМ (2014) [7]
  • Литературна средба во „Матица ексклузив“ [8]
  • Поетски караван на ДПМ [9]
  • Поетски караван на ДПМ 2015 [10]
  • Бит фест 2014 [11]
  • Late Night книжевен шопинг на Широк Сокак [12]

Неговото творештво е застапено во бројни изданија на книжевни списанија и избори на песни:

  • Стожер бр. 119 [13]
  • Акт бр. 54 [14]
  • Акт бр. 50 [15]
  • Хелис бр. 142 (романско книжевно списание) [16]
  • Меѓу две неба - Песни за Велестово [17]
  • Дваесет години поетска ноќ во Велестово (монографија)[18]
  • Литературен квасец бр. 11 (Levure littéraire no. 11)[19]

Бил член на жирито на БКК за доделување на наградата „Книжевен круг“[20], како и за наградата „Ѓорѓи Котевски“ [21]

За неговите дела свое видување во облик на критики и рецензии дале повеќе автори: Петар Т. Бошковски, Ефтим Клетников, Радован П. Цветковски[22], Владимир Костов[23], Петре Димовски[24], Мерсиха Исмајлоска[25]

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Кире Неделковски е автор на стихозбирките:

  • Потреси, КММ, 1982
  • Прав, Млад Борец, 1986, анонимен конкурс
  • Слоеви, БИД Мисирков, 1989
  • Душа, Ѓурѓа, 1992, награда Ѓурѓа
  • Некои нешта, БИД Мисирков, 1994
  • Безмерно, Macedonia Prima, 1997
  • Излегување од времето, ИД Развиток, 1999
  • Чуда, двојазичен поетски избор на македонски и аромански, Унија на Власите од Македонија, 2000
  • Откопано вино, двојазичен поетски избор на македонски и француски, Матица македонска, 2000, ISBN 9989-48-300-0;
  • Судбини и соништа, Макавеј, 2004
  • Чест, Дијалог, 2008
  • Потреби, Дијалог, 2010
  • Дигитална димензија на душата, компакт-диск, БКК, 2011
  • Задоволства од зборови, БКК, 2011, ISBN 978-608-65291-0-9; COBISS.MK-ID 88029450
  • Моите мостови, БКК, 2012
  • Возбудата е вода, БКК, 2013, ISBN 978-608-65291-8-5; COBISS.MK-ID 93964042
  • Залив за задоволства, Матица македонска, 2014
  • Свој свет, Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, 2015, ISBN 978-608-4538-55-4; COBISS.MK-ID 98792458
  • Живеалиште, двојазичен поетски избор на македонски и француски, Матица македонска, 2015, ISBN 978-608-10-0437-3; COBISS.MK-ID 99243530
  • Сарај од наслади, Панили - Скопје, 2016, ISBN 978-608-4633-85-3; COBISS.MK-ID 100370698
  • Метафизички мерки, БКК - Битола, 2017, ISBN 978-608-65728-7-7; COBISS.MK-ID 103386634
  • Долините на душата, Панили - Скопје, 2018, ISBN 978-608-254-020-7; COBISS.MK-ID 106461706
  • Споделувања, Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, 2019, ISBN 978-608-4538-74-5; COBISS.MK-ID 110454026
  • Манастир од мисли, БКК - Битола, 2020, ISBN 978-608-4839-25-5; COBISS.MK-ID 52281093

Преведуван е на англиски, француски, аромански, романски, турски, српски и словенечки јазик.

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на наградите [26]:

  • „Книжевна младина“, 1982
  • „Млад борец“, 1986
  • „Смедеревска поетска вечер“, 1987
  • „Ѓурѓа“, 1992
  • „Празник на липите“, 2000
  • „Медијала“, 2015[27]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.
  2. „Мултимедијална колонија „Битола 2015". Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 2015-09-12.
  3. „Меѓународна мултимедијална колонија „Битола 2014". Архивирано од изворникот на 2014-08-10. Посетено на 2015-05-11.
  4. „Ликовно-книжевна колонија „Битола 2013". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-05-11.
  5. Галичка книжевна колонија 2012[мртва врска]
  6. „Галичка книжевна колонија 2008“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-05-11.
  7. „Прва книжевна работилница на ДПМ“. Архивирано од изворникот на 2014-10-01. Посетено на 2015-05-11.
  8. Литературна средба во „Матица ексклузив“[мртва врска]
  9. Поетски караван на ДПМ[мртва врска]
  10. Поетскиот караван на ДПМ утре во Крушево
  11. Бит фест 2014[мртва врска]
  12. „Late Night книжевен шопинг на Широк Сокак“. Архивирано од изворникот на 2014-09-19. Посетено на 2015-05-11.
  13. „Стожер бр. 119“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-05-11.
  14. Акт бр. 54
  15. Акт бр. 50
  16. „Тринаесет македонски писатели објавени во Романија“. Архивирано од изворникот на 2015-03-16. Посетено на 2015-05-11.
  17. „Меѓу две неба - Песни за Велестово“
  18. „Поетска ноќ во Велестово, монографија“. Архивирано од изворникот на 2011-05-28. Посетено на 2015-05-11.
  19. Levure littéraire no. 11 Kiré Nédelkovski Архивирано на 2 октомври 2015 г. (француски)(македонски)
  20. Наградата Книжевен круг во рацете на писателот Иван Чаповски[мртва врска]
  21. „Елена Ѓорѓиевска-Костадиновиќ - авторка на наградениот ракопис „Бунар". Архивирано од изворникот на 2014-08-03. Посетено на 2015-05-11.
  22. „Нова книга на Радован Цветковски“. Архивирано од изворникот на 2015-06-26. Посетено на 2015-05-11.
  23. „Евангелие по Кире“ - Книжевно житие бр.32, год. VIII, октомври 2014, стр. 27-29
  24. „Возбудите се вечни води“ - Книжевно житие бр.30, год. VII, септември 2013, стр. 44-48
  25. „Нешто поинакво - пливање низ песните“ - Современост бр.1, 2014, стр. 100-101
  26. Значајни личности за Битола – писатели
  27. „На мултимедијалната колонија „Битола 2015" беа доделени наградите „Медијала". Архивирано од изворникот на 2015-10-02. Посетено на 2015-09-12.