Прејди на содржината

Јован Грујов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован Душанов Грујов ( 1927 во Мирковци, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство. Пред ослободувањето на Македонија, на 20 септември 1944 година, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По акциите против балистите заминал со XV македоноки корпус на север, каде учествувал во дефинитивното ослободување на уште неослободените краишта на Југославија. Во близината на Белград со успех завршил тримесечно воено-политичка настава. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на силно укрепените германско-усташки позиции. Во мугрите на 16 април 1945 година учествувал во навлегувањето во Врпоље. Во крвавите улични борби храбро загинал и таму бил закопан.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 48. На |first= му недостасува |last= (help)