Јари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јари
Врв на јари

Јари е јапонско копје со три острици.[1][2] Должината на јаријата варира од еден па дури до шест метри, подолгите јарија ги носела пешадијата, додека пократките главно ги носеле самураите. Јарито се одликувало по правата острица која можела да биде долга од неколку сантиметри па сè до еден метар. Острицата била правена од висококвалитетен челик, од истиот оној од кој се правеле надалеку прочуените катани, што острицата на јарито ја правело многу издржлива.

Низ историјата биле произведени многу видови на оваа оружје, обично централната острица била особено долга во однос на страничните. Јарито произлегло од кинеското копје и во Јапонија влегло во употреба во 13 век. Инвазијата на Монголите на Јапонија во 1274 и 1281 година го сменила јапонскиот начин на војување како и јапонското наоружување, Монголите ги користеле Кинезите и Корејците, кои биле наоружани со долги копја во големи и рамни формации, тие биле смрт за тогашната јапонска коњица.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Development of Controversies: From the Early Modern Period to Online Discussion Forums, Volume 91 of Linguistic Insights. Studies in Language and Communication, Author Manouchehr Moshtagh Khorasani, Publisher Peter Lang, 2008, , P.150
  2. The Complete Idiot's Guide to World Mythology, Complete Idiot's Guides, Authors Evans Lansing Smith, Nathan Robert Brown, Publisher Penguin, 2008, , P.144