Јазици во Парагвај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Парагвај Јазици во Парагвај Парагвај
Официјален јазикшпански, гварански
Главен доселенички јазикпортугалски
Демографија на Парагвај

Јазиците во Парагвај е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат на територијата на оваа јужноамериканска држава. Парагвај е двојазична држава, каде населението зборува и шпански и гварански јазик. Двата јазика се официјални во Република Парагвај.[1]

Официјални јазици[уреди | уреди извор]

Шпанскиот јазик го зборуваат околу 87% од населението, додека гваранскиот го зборуваат над 90% од населението и има околу 4.650.000 зборувачи. 52% од Парагвајците зборуваат само гварански. Карактеристично за Парагвај и гваранскиот јазик е тоа што се единствената држава и староседелски јазик кој бил наметнат, или подоминантен од колонијалниот јазик.

Гварански јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Гварански јазик.

Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански е староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од официјалните јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гварански[2] Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик[3].

Шпански јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпански јазик.

Шпанскиот јазик (español) или познат како кастиљски јазик (lengua castellana) е романски јазик од групата на ибероромански јазици. Јазикот се развил од неколку јазици и дијалекти кои се зборувале во централниот дел на Пиринејскиот Полуостров во 9 век[4]. Јазикот постепено се зголемувал и се приширувал со експанзијата на Кралството Кастиља.

Соврмениот кастиљски јазик се развил со прераспоредување на согласките, процес кој започнал во 15 век. Јазикот постепено почнал да создава нови зборови, како од домашно, така и од странско потекло. Јазикот станал значаен со шпанската колонизација на Америка, Африка и делови од Азија - колонизација која била предводена од Шпанската империја во периодот од 15 до 19 век. Во тој период јазикот станал најзначаен јазик за владата и трговијата.[5]

Малцински јазици[уреди | уреди извор]

Околу 50.000 Парагвајци зборуваат на староседелски јазик различен од гваранскиот. Тие се::[6]

Емочки јазик е исчезнат јазик.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Paraguay - Constitution, Article 140 About Languages. International Constitutional Law Project. http://www.servat.unibe.ch/icl/pa00000_.html#A140_. посет. 3 декември 2007 г  (see translator's note)
  2. Mortimer, K 2006 "Guaraní Académico or Jopará? Educator Perspectives and Ideological Debate in Paraguayan Bilingual Education" Working Papers in Educational Linguistics 21/2: 45-71, 2006
  3. Website of Indigenous Peoples' Affairs which contains this information (шпански)
  4. La RAE avala que Burgos acoge las primeras palabras escritas en castellano (Castilian). www.elmundo.es
  5. „Spanish languages "Becoming the language for trade" in Spain and“. sejours-linguistiques-en-espagne.com/index.html. конс. 2010-05-11. 
  6. 6,0 6,1 Languages of Paraguay, Ethnologue

Поврзано[уреди | уреди извор]