Портал:Парагвај

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

Парагвај

Знаме на Парагвај.
Знаме на Парагвај.
Грб на Парагвај.

Парагвај (шпански: Paraguay, гварански: Paraguái), или официјално Република Парагвај (República del Paraguay; Tetã Paraguái) е независна држава во Јужна Америка и една од јужноамерикански држави без излез на море. Државата се наоѓа покрај реката Парагвај и се граничи со Аргентина на југ и југозапад, Бразил на исток и североисток и Боливија на северозапад. Бидејќи Парагвај се наоѓа во центарот на Јужна Америка понекогаш се нарекува како Corazón de América или „Срцето на Америка“. Парагвај е поделен со реката Парагвај во источниот дел од земјата, официјално наречен „Источен Парагвај“ или познат како Паранења и западниот регион, официјално наречен „Западен Парагвај“ или познат како Чако.


уреди   

Дали сте знаеле...



уреди   

Категории


уреди   

Работи кои можеш да ги направиш

Можеш и ти да помогнеш да се збогати и подобри содржината на Википедија поврзана со Парагвај, како на пример:

  • создавање нови статии поврзани со Парагвај,
  • подобрување на постоечките статии поврзани со Парагвај од технички аспект,
  • проширување на постоечките статии поврзани со Парагвај.


уреди   

Избрана статија

Портрет на Франсија.
Портрет на Франсија.

Хосе Гаспар Родригес де Франсија и Веласко (шпански: José Gaspar Rodríguez de Francia y Velasco, 6 јануари 1766 –20 септември 1840) бил парагвајски политичар, револуционер и еден од двата први претседатели (конзули) на Парагвај, заедно со Фулхенсио Јегрос. Тој бил претседател на Републиката од 1814 до 1840 година.

Хосе Гаспар Родригес де Франсија е роден во Јагварон, Парагвај. Неговиот татко бил по потекло од Бразил кој емигрирал во Парагвај. Неговата мајка била Парагвајка со шпанско потекло. Неговото крстено име било Џозеф Гаспар де Франза и Веласко (Joseph Gaspar de Franza y Velasco), но подоцна во животот започнал да го користи попопуларното име „Родригес“. Исто така, „Франза“ (Franza) го сменил во Франсија (Francia). Оригиналното име на неговиот татко било Гарсија Родригес Франса или на португалски Garcia Rodrigues França, сепак тој го стилизирал целото име и презиме налик на шпанските.

Тој бил учен во манастирско училиште во Сан Франсиско во Асунсион. На 13 април 1785 година, по четири години студирање, тој станал доктор по теологија и магистер по филозофија на Националниот универзитет во Кордоба. Тој зборувал гварански, шпански, француски, латински и по малку англиски. Иако тој бил учен за свештеник, Хосе никогаш не станал тоа. (Дознајте повеќе...)

уреди   

Избрана слика

„Пантенон на хероите“, Асунсион, Парагвај.

Исчисти опслуж. кеш