Јазици во Буркина Фасо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Буркина Фасо Јазици во Буркина Фасо Буркина Фасо
Официјален јазикфранцуски
Национален јазикмосиски, фулански, диулански
Демографија на Буркина Фасо
Јазична карта на Буркина Фасо.

Јазици во Буркина Фасо е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат/ користат на терторијата на оваа африканска држава. Буркина Фасо е повеќејазична држава и се проценува дека во државата има 69 јазици,[1] од кои 60 се староседелски. Иако најголемиот дел од јазиците кои се зборуваат во државата се староседелски, сепак единствен службен јазик е францускиот.

Најголем јазик во државата е мосискиот јазик, кој се зборува од околу 40% од вкупното население на Буркина Фасо. Мосискиот јазик се зборува во централниот регион, околу главниот град Уагадугу. Во западните делови на државата се зборуваат мандејски јазици. Во северниот дел на државата доминантен е фуланскиот јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]